Колумна на МИРКА ВЕЛИНОВСКА за ДУДИНКА:ИСТОРИЈА НА СЕВЕРЏАНИТЕ

Колумна на МИРКА Велиновска:

ИСТОРИЈА НА СЕВЕРЏАНИТЕ

Пошто на македонска државна и национална маркица за сопственост узурпатори си подигаат нова ѓоа држава, нормално е дека таа нема историски темел, нема минато, нема традиции, култура, творештво, јазик, спомени, вредности…

Упаднаа во туѓ дом и како пљачкаши, набрзинка срушија и украдоа се што најдоа за да им го подарат на нарачателите кај кои се главени како измеќари. Македонија денес е стрниште на кое крадецот сака да си сее тешко загадено ГМО семе. Што ќе никне ич не прашувајте зашто веќе гледате. Пазарно, евроатлански ориентираната ,,северџанија,, има своја црпната филозофија содржана во СТАРО ПРОДАЕМ, НОВО КУПУЕМ!

Измислената ,,републикасевернамакедонија,, има страствени евроатлански подржувачи, ама нема реален градежен материјал. И затоа има гоооолем проблем кој ,,градителите,, уште не го сконтале. Немаат врзивно ткиво кое сите испилени северџански бројлери ќе ги направи народ. Држава мора да има свои национални и државни празници. Светли датуми кои служат како маркери или патокази за
генерациите. Помнењето на минатото ја има таа функција меѓу останатите работи.

Пошто бројлери, црпки и лејки немаат мозок ниту меморија, а нивниот космос е еднодимензионален, Миленко и јас решивме да им помогнеме да го пополнат празното што зјае со северџанска автентика. Им даваме предлог листа за историски датуми и
настани од кои ќе се состојат нивните историски северџански национални и државни празници што ќе ги чествуваат и места на кои угледните црпки ќе им испраќаат јавни пораки со кои ќе им го крепат духот северџански ако нема дотур на кокаинче, крекче, хероинче, џепарец за шопинг и настап на ред карпет.

На северџанскиот државен грб за мото го предлагаме победничкиот восклик на Стевица стоката СЕ ОСЛОБОДИВМЕ ОД МИНАТОТО ! Ова безвремено и универзумско сведоштво за бескрајноста на човечката глупавост секако треба да има централно место во рефренот на северџанската химна. Авторот Стевица освен претседничка пензија ќе кешира и тантиеми за авторско право.

Ден на победата северџаните да си го прогласат 26 јуни. Датата до кога мора да падне легалната власт во Република Македонија на куртон револуционерите им ја соопшти
Елеонора Каранфиловска, службеник на ЦИА и Пентагон која логистички ја бодреше куртон револуцијата од својот стан во Дебар маало. Крег Ретклиф портпарол на НАТО во 2001 година и сопруг на Каранфиловска исто така се покажа како доста креативен.

Неговиот слоган НЕ ГЛЕДАЈТЕ НАЗАД ТУКУ САМО НАПРЕД исто така треба да најде место во историјата на северџаните. На пример, нивната академија на науки ем уметност може да го земе за мото. За проста бројлерска маса доволно е да се помни како орден за успешна лоботомија – Елеонора и Крег од Прв ред – последен шупак.

За ден на северџанската армија најдобро би легнала датата кога ШОУЛДЕР ТУ ШОУЛДЕР со грингосите и остала евратланска багра изнајмените македонски војници влетаа во Ирак (историска Месопотамија) и ибаа мајка на се живо и мртво, духовно и
материјално. Авторските права за оваа екстатичност ги има уникатниот воено- страетешки гениј на Бранко Геровски.

Национален и државен празник кој ќе се слави во ,,северна,, мора да биде не ден, не недела ами МЕСЕЦ НА ПЕДЕРИТЕ И ПЕДЕРКИТЕ. Неработен, разбира се и ќе се
изедначи по траење со старите и де моде верски празнувања на Божик и Велигден, односно, Рамазан и Курбан бајрам.

Национален празник мора да има во слава на култот за трошење пари за купување БРЕНДОВИ. Во недостиг на причини кои ќе ви го оправдаат постоењето или живуркањето кои сте ги избришале од сеќавањето, нормално е да се ложите на нешто
опипливо. Ден на Боки и Сергеј наместо немодерните Кирил и Методиј. Кој ќе го слави? Па како постмодерна домашна слава страсно ќе го вградат во сеќавањето
Јадранка Костова, Оливера ,,модра туфна,, Трајковска, владиката Пимен и се некои примероци од северџанската нобл тренд сетерска пасмина. Под услов да ги храни со
многу пари за славенички арч.

Државен празник во слава на КОРУПЦИЈАТА нужно мора да има оти овој феномен има историски континуитет и светла иднина во северџанскава државна куротресина.

Триумфалната капија може да се пренамени во место низ кое ќе триумфираат најуспешните крадци, гангстери, рекетари, новите јунаци на северџанското население кои талентираните автори ќе ги опеваат во епови. Може ли да не се опее богаташката елита почнувајќи од првобитната акумулација која прерасна во олигархија до
новопрајските богаташи кои рекетари ги молзат како крави. Зар овие модерни северџански јунаци не заслужуваат внимание од својот северџански народ? Зар ќе остане неопеан храбриот визионер Орце Камчев кој неустрашиво ем доблесно и одлучно плаќал на уценувачи и подарувал бентли, јахти, пари иако меѓу првите како
бугарски ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ му го испуши на Зоран Заев и се прогласи за почесен северџанец.

Тука доаѓа и пригодното одликување за заслуги, за храброст и маштовитост, за иновација…во пакет со пригоден говор и фото сеанса, плус текстови ем интервјуа и славопојки во главните слободарски ем независни медиуми. Нормално,
во недостиг на северџанска култура, Министерството за култура топтан со апашите во Собранието и нивните експертутки, ќе склепаат листа за изработка на северџански
споменици. Зашто сите досегашни и припаѓаат не Република македонија и на Македонците кои се друга држава.

Може ли да нема паметник на ТИРТЕ
СПЕЦИЈАЛНИ МОЈРИ ОД СЈО. Или издвоено на Катица Бјонсе на која идеен паметник веќе и крена Горан Пиже Михајловски, истакнат преститут северџански.

Или на легендарно бестрашната Вилма Рускоска која безмалку го положи својот овоземски безначаен живот во борбата со тероризмот.

Може ли да се комплетира богатото
СЕВЕРЏАНСКО турбо минато а да го нема плоштадот на ЧАДОРОТ, Бистата на Лилето Поповско и нејзината храбра мисла: ГИ ПРОДАДОВМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ
ИДЕАЛИ А НЕ ДОБИВМЕ ДАТА ЗА ПРЕГОВОРИ!?

Зар ќе се заборави автопатот
,,Сашо Мијалков и неговите осуммина визионери,, кои храбро ем одважно одбраа да бидат јавно ебани а да им се брои како да се стрелани.

Гомна да јаде северџанска
држава ем црква ако не го прогласи за светец Црпко Заев и ако не напише најнововременско постмодерно поглавие на северџанската ,,света,, книга по која ќе се курдиса времето.

Каков Христос бе! Зајко ќе стане автентичен симбол и државен
празник оти удри ТЕМЕЛ НА НЕПОСТОЈНА ДРЖАВА.

Каква е тоа напредно-модерна глобалистичка северџанска држава ако не ја слави како своја државноста на Бугарија, Грција, Албанија и Косово? Американската веќе се славикако северџански ден на независноста. Па тури ги за за државни празници и денот на
формирањето на ИСИЛ, на Ал каеда, на ЦИА, МИ 5-ка и 6-ка, БНД. Од многу не боли глава. А и нема што да се работи оти ништо не се ни произведува.

Нормално, историјата на црпкиве од ,,северна,, ќе биде некомплетна ако ,,државата,, не го инкорпорира денот на УЧК како свој светол датум. Бродец, Куманово, Смилковското езеро се северџански култни места кои ќе ги компензираат демодираниот и продадениот Мечкин камен, Пелинце, Ваташа, Беласица…

М.Велиновска

Извор:

(Наместо на блокираната Дудинка, на Фејсбук)

 

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2916404068376597&id=387874901229539

Повеќе