Продолжуваат протестите на здружението на возачи од Струмица

Извор:СИТЕЛ ТВ

После пет децении постоење Здржението на возачи од Струмица добило решение со кое им се забранува  вршење технички преглед на возилата. МВР го издало решението оти немале сообраќаен режим и со објаснување дека постојниот патен правец кој во реалност постои и на кој е позиционирано здружението го немало во генералниот урбанистички план.

Управителката на здружението вели дека тие со години инсистирале да се донесе деталниот урбанистички план за што биле подготвени  целосно да ги сносат трошоците,но до сега не наишле на разбирање за надминување на проблемот. Од општината единствено што добиле  биле времени режими за сообраќај, но тие не биле прифатливи за МВР. Поради ваквата состојба вработените од здружението повеќе од две недели мирно протестираат и секојдневно прават едночасовни блокади на патниот правец Струмица Просениково на кој и тие се наоѓаат.

,, За да добиеме режим каков што тие бараат општина Струмица да донесе детален урбанистички план за оваа локација. Истите го немаат се уште тоа направено, а последниот генерален овде е направен 2005 година. Сега моето прашање е каква врска и каде е нашата вина поради која што нашата фирма не работи и ни е одземено овластувањето за работа кога ние детален урбанистички план ниту можеме да донесеме, ниту имаме право тоа да го направиме.

Нашата фирма работи повеќе од 50 години, има преку 20 вработени и платите и придонесите ни се редовно платени кон државата.,, вели Лидија Булинг Николова – управител.
Од здружението на возачи велат дека со ваквиот потег била загрозена егзистенцијата на повеќе семејства.  Блокадите продолжуваат  се додека не биде решен нивниот проблем. Во меѓувреме најавуваат дека правата ќе ги бараат и по судски пат.

 

Повеќе