Македонија и Македонците: Какви луѓе сте вие?

На денот на независноста на Македонија, 8 септември 2019 година

На 26 декември 1941 година премиерот на Обединетото Кралство Винстон Черчил се обрати пред двата дома на американскиот Конгрес. Европа беше зафатена од војна, а нецели три недели претходно САД беа нападнати од Јапонија во Перл Харбор. Мајката на Черчил била Американка, што значи дека тој не само што беше половина Американец туку и добро ја познаваше публиката на која и се обраќаше. При средината на својот говор, Черчил упати провокативно прашање до конгресмените. Зборувајќи за непријателите, тој праша „Какви луѓе мислат дека сме ние? Дали навистина не разбираат дека ние нема да престанеме да им се спротивставуваме, додека не им одржиме лекција која што и тие и светот никогаш нема да ја заборават?“

Навистина добро прашање кое може да се постави денес, кога Македонија ја слави својата независност. Ве прашувам вас, Македонијо, и Македонците насекаде: какви луѓе светот мисли дека сте вие? Какви луѓе сте вие? Многу поединци – низ светот но и во вашата земја – се вклучени во низа тактики чија цел е да ви го сменат името и идентитетот. Дали вие ќе решите дека „нема никогаш да престанете да им се спротивставувате“, да работите постојано за одбрана на вашето име, идентитет, култура, традиција, историја, јазик, религија и се друго што е ваше, а ако треба, и да се борите за нив?

Поминаа над 116 години од Илинденското Востание. Пет генерации Македонци дојдоа и си заминаа оттогаш. Илинденците и Илинденките ја ценеа својата слобода над се, бидејќи знаеа дека со победа ќе добијат слобода за тогашната Македонија и Македонците, но и за сите идни генерации; 116 години се доволно време за во македонските умови да се всади идејата за слободата. Но, слободата останува вечно незавршена работа.

Како можеме да прогласиме слобода за Македонија кога името на земјата со сила е сменето, името и идентитетот кој Македонците слободно го одбраа за свој? Дали е тоа слобода? Македонци, на денот на вашата независност, соберете се да ја одбележите независноста на слободна Македонија, но тешко е да се слави кога ја немата слободата да го изберете своето сопствено име. Еден пример од минатата недела – премиерот на Македонија (не сакам да му го спомнувам името) го покани Македонците да ја прославата својата независност но во поканата го изостави името на државата!

Низ светската историја се рассеани телата на многу некогашни нации кои не постојат веќе затоа што биле уништени или асимилирани во други нации и други култури. Дали и Македонија и Македонците ќе тргнат по овој пат, по целата ваша вековна борба?

Кога соседните држави (па дури и некои граѓани на вашата сопствена земја) ви велат дека вашиот идентитет е лажен и кога западните елити безобразно ја отфрлаат вашата загриженост за вашиот идентитет (едноставно – ви се смеат), а вашата влада и владејачката класа во културата ве игнорира и користи нелегални методи за да ве натера да си го смените името и идентитет, спротивно на вашата јасно изразена волја, тогаш самата срцевина на вашето достоинство е нарушена. А народ со разнишано достоинство е изложен на низа можни закани и опасности кои може и секако ќе имаат негативни последици за целиот регион.

Нашето достоинство како поединци и како дел од нашето племе (сите луѓе се племенски суштества) има огромна важност и значење. Македонците се достоинствен народ и со право се горди на својата уникатна историја, култура, јазик и наследство, кои придоенсуваат и го градат македонскиот идентитет. Сето ова е дел од вашето достоинство. Но, еден од многуте проблеми со левичарските елити низ светот е што ги отфрлаат работите кои не можат да се изразат во пари или во бројки, како што е идентитетот, и ги ценат само работите кои се мерливи. Оттаму, идентитетот на Македонците – или на било кој друг народ – кој не може да се измери да се пресмета неговата вредност, за нив не е важен и може да биде отфрлен.

Нема достоинство ако ви велат дека мора да си го смените името, со што, со текот на времето, ќе се смени се што е ваше. Нема достоинство во тоа да примате наредби од странци – од странски држави, неизбрани и неодговорни бирократи, новинари, професори, аналитичари. Нема достоинство кога вашата сопствена Влада! ви вели дека ќе ја игнорира вашата волја – ќе ја игнорира волјата на тие со кои управува! – и ви вели како треба да се нарекувате во иднина. Ова е негација на достоинството. Ова е понижување. А секое понижување со себе повлекува последици, како за Македонија така и за регионот.

Од Македонците во Македонија и низ светот зависи да решат дали Македонија ќе продолжи да постои и да напредува. Македонците и само Македонците треба да репат дали Македонија ќе оди напред на начин кој македонските предци не можеле ниту да го замислат. Македонија мора да си ветат едни на други; да им ветат на тие што починале и што дале се за Македонија, вклучително и своите животи; да им ветат на се уште неродените Македонци – дека оваа сегашна генерација нема да дозволи жртвите од минатото да пропадна попусто затоа што ако Македонија престане да постои или – и ова е многу важно – ако биде суштински сменета нејзината содржина и покрај тоа што и понатаму постои како правен субјект – тогаш актуелната генерација ќе потфрли во својата задача и сите жртви од минатото биле попусти. Идните генерации ќе дојдат обременети со исклучителни тешкотии и сериозни последици – нема да имаат своја татковина, или пак ќе останат без свое име и идентитет.

Ве оставам со три мисли додека го славите денот на кој граѓаните ја изразија својата слободна волја, тој среќен ден – 8 септрември 1991 година. Како прво, мнозинството Македонци кои ги запознав во изминатиот безмалку четвртина век секако ќе продолжат да работат, а ако треба и да се борат, за да го зачуваат, заштитат и одбранат своето име, идентитет, култура, наследство, историја, јазик, вера… Второ, таканаречениот „Преспански договор“ ќе биде отфрлен со низа постепени чекори со текот на времето Македонија и Македонците ќе си го вратат своето вистинско име. И конечно, Македонците во Македонија и низ светот ќе продолжат да ја слават својата независноста само и еднствено како независноста на Македонија. Се додека постојат Македонци кои веруваат во своето име, идентитет, историја, вера, јазик, наследство и култура, се што ги прави Македонците уникатни на овој свет ќе опстои.

Да завршам на начин на кој што почнав. Какви луѓе сте вие? Да му дозволиме на Крсте Петков Мисирков да одговори на ова прашање, преку својот напис „Самоопределението на Македонците“ од 1925 година, каде што вели: „Беззаветната и безгранична љубов кон Македонија, постојаното мислење и работење за интересите на Македонија и полн конзерватизам во пројавите на македонскиот национален дух: јазикот, народната поезија, наравите, обичаите – ете ги главните црти на македонскиот национализам“.

СВЕСТ.МК

Повеќе