Јаревски: Химната на Македонија отстранета од новата програма за ученици од 6-то одделение

Некој мислеше дека на Тамара навистина толку и бил капацитетот, згрешила или пак не ја научила химната на Македонија?! Дека ненамерно немаше химна при посетата на Ципрас?!- пишува на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски.

Неговиот статус и приложените фотографии, ги пренесуваме во продолжение:

-Доколку некој се уште е на тој став се лаже самиот себеси. Уште еден чин од процесот на демонтажа на Македонија, македонскиот јазик, идентитет и код е со актуелната наставна програма за нашите деца во 6-то одделение.

Старата програма (слика 1) предвидуваше учење и пеење на химната на Македонија.

Во новата програма (слика 2) химната е отстранета и наместо химната, Власта смета дека поважно за ќерка ми (да, и моето дете е 6то одд) е да ја научи и пее Dzelem, Dzelem и албанската Shtatori.

Како врв на ова малоумие е и официјалното објаснување од Бирото за образование дека морало да се исфрли химната од учебниците бидејќи програмата била пишувана после уставните измени?!?

Повеќе