АЛФА: Каде е Курто Дудуш?!

Статија на АЛФА ТВ

Kаде е Курто Дудуш? Зошто првиот човек на општината Шуто Оризари не доаѓа на работа, не е недостапен за граѓаните и не одговара на потребите на општината? Како што дознава Алфа, човекот кој е избран да им служи на жителите на Шутка со денови се крие од јавноста. Луѓето чекаат за состанок пред општината но тој не се појавува, велат нашите извори. Алфа тргна во потрага по градоначалникот – човекот кој инаку го тресат низа скандали- како предизборни, така и видеа со докази дека тепал човек, но на него чекаат и улици да бидат закрпени.
Прво го побаравме на телефон вчера. На фиксниот во општината. Телефоните се исклучени.
Си ја пробавме среќата и директно на мобилниот телефон на Дудуш. Не одговараше и исклучуваше.
Изутрината нашата дестинација беше неговата канцеларија во општината.

Вработените не беа љубезни со нас. Буквално не избркаа.
Излезете не смеете да снимате, надвор од капијата овде нема што да снимате. Престанете да не почнам брутално да се понашам – се закани вработениот од општината
Останавме надвор. Можеби Дудуш сепак ќе се појави.
По неколку часа чекање пред општината Курто Дудуш не се појави на работа, вработените велат дека ни вчера не бил на своето работно место. Алфа во обид да влезе во општината но попусто, вработените не избркаа а како образложение ни рекоа дека така им било наредено.

Овде не е секретарката, излезете се слушнавме со него ни кажа да не снимате, излезете- вработен во општината

Курто Дудуш не дојде денеска на работа. Алфа повторно го побара на мобилниот телефон но од друг број. Конечно се јави маж. Кога се претставивме, личноста со која разговаравме кусо ни одговори дека е негов личен соработник, и оти ќе му пренесе. Иако според овој глас звучеше лично како да е Дудуш, судејќи според прес конференциите на кои сме го слушале изворно, и токму тоа му го предочивме на мажот со кој зборувавме, тој демантираше и го прекина разговорот.
Инаку, како што дознава Алфа градоначалникот не е во добри односи со неговиот ПР и оти во општината голем дел од вработените не комуницираат со него. Зошто? Не се знае.
Проблемите на граѓаните остануваат заклучени во кабинетот на Курто Дудуш, или пак само во неговата глава оти во канцеларијата, барем последниве денови, не стапнал.

Јована Грчева

Повеќе