И БОГ СЕ РАСПЛАКА

И БОГ СЕ РАСПЛАКА:

Филозофот Критија (близок роднина на Платон по мајчина линија) сметал дека постоел период во кој не постоеле закони. Тоа водело кон целосна анархија – секој лажел, крадел и мамел, надевајќи се дека нема да биде откриен. Затоа, луѓето се досетиле да создадат држава и да донесат закони, за да се воведе ред меѓу луѓето. Но тие, заради егоизмот, продолжиле со своите недела, надевајќи се дека нема да бидат откриени и казнети. Затоа, некој мудар старец се досетил да измисли сеприсутно и сеслушачко суштество, на кое не неможело да му промакне ништо, вклучувајќи ги и најтајните мисли и намери. Тоа суштество бил Бог. Така, со помош на Бога, Критија сметал дека може да се воведе ред во однесувањето на луѓето. Меѓутоа, кутриот Критија не можал да ја превиди/антиципира денешна Македонија, во која не се знае ни за закони, ни за морал, ни за ред, ни за страв од Бога, бидејќи секој (особено ако се наоѓа на некоја функција) мисли дека е Бог, односно дека сѐ му е дозволено. Бог, гледајќи го она што се случува во Република Македонија, горко заплакал и се повлекол од Македонија, бидејќи во Државата Македонска ниту законите, ниту моралот, ниту стравот од Бога можеле нешто да помогнат.

ФБ статус на Цуцуловски

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1313787728786533&id=686531511512161

Повеќе