СДСМ ВИЕ СТЕ ВЕЌЕ МИНАТО

СДСМ ВИЕ СТЕ ВЕЌЕ МИНАТО

Реакција на прес конференцијата на СДСМ по повод посетата на Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ на Битола

Почитувани од СДСМ, реагирате за посетата на Битола, на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тоа го правите во очај, неумесно со аналфабетско незнаење. Вие, почитувани, анонимни господа и за Битола и за Македонија имате ефект на нуклеарна катастрофа, која оставила само пепел и прав и ја убила надежта.
Зборувате во минато време, зборувате небулози и работи во кои и сами не верувате.
Зошто не му кажавте на Мицкоски ништо за Вашите двегодишни “успеси” во Битола, за блескањето и за одењето напред, ама во провалијата што се вика отсуство на правда, немање можност Битола да биде најградскиот град, одземеното право на работа на сите кои не се со Вас од СДСМ, во роднинска или бизнис врска, заминувањето од Битола на младите луѓе и цели семејства. Зошто не му се пофаливте да слушне за Вашиот досега “најиновативен” пристап во однос на инвестициите и отворањето на нови работни места во ИЗ Жабени.
Одбирате, свесно или не да зборувате во минато време, затоа што во најмала рака, барем пред себе и сопствената совест се срамите од правдата која ја ветувавте, а заврши во Шутка со Катица Јанева.
Зборувате во минато време, зашто во сегашноста го спроведувате досега најголемото и најкрвничко уништување и понижување на секој граѓанин во Македонија, на секој битолчанец, без исклучок.
Потсвеста, велат упатените е многу силна работа, зборувате во минато време, бидејќи Вие од СДСМ веќе сте минато, заминувате и сигурно уште многу долго нема да бидете понуда за Битола, за Македонија!

ОК ВМРО ДПМНЕ Битола
Битола, септември, 2019

Повеќе