БУГАРСКИ МАСАКАР ВО МАКЕДОНИЈА 1915 ГОДИНА – УБАВИ СПОМЕНИ ОД НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ОД ИСТОК СИ ИМАМЕ

По самиот почеток на Првата светска војна, Бугарија ја окупирала Македонија. Во 1915 година една група,од 10-тина вооружени Бугари подпомогнати од 3 Арнаути од соседното село Црнилиште влегле во селото. Селаните не ја знаеле нивната намера и прв истапил селскиот поп. Него веднаш без објаснување го заклале и потоа со невидена бруталност прво ги ограбиле селаните барајки им злато па почнале да ги убиваат и колат сите, не гледајки дали се жени и деца. Со овој масакр населението било преполовено. Мнозинството од жртвите биле закопани во масовна гробница на местото викано „Брест“ на влезот од селото од левата страна на патот, каде сто се наоѓале старите гробишта, кои сега се обраснати со грмушки и висока трева. На местото каде се закопани жртвите бил подигнат споменик од бел мермер со посвета „кога би биле Волци би избегале, кога би биле Турци би се сожалиле, но тоа биле проклетите Бугари”, но по повторното доаѓање на Бугарите во Втората светска војна, споменикот бил страмнет со земја. Во педесетите години на 20 век, кога Јован Трифоноски го истражувал селото, тогаш сеуште постоела крушата на местото каде со денови виселе обесените жени и деца. Денес остатоците од споменикот се чуваат соѕидани во некои селски градби.

 

ИЗВОР: https://republikamakedonija1.blogspot.com/2018/08/1915.html?m=1

 

Повеќе