Власта признава – не може да го реши проблемот со загадениот воздух во Битола и дека ги излага битолчани.

Власта признава – не може да го реши проблемот со загадениот воздух во Битола и дека ги излага битолчани.

По две години колапс на сите проекти и целокупното функционирање на градот, оваа власт и Наташа Петровска единствено можат да им помогнат на битолчани и да си поднесат ОСТАВКА!

Власта признава дека Битола е во клиничка смрт. Ништо не прават, ништо не можат да направат, ништо не знаат да преземат во однос на големото ветување пред битолчани за чист воздух.

И уште, без никаква грижа на совест, без никаков срам, дрско изјавуваат дека тие нема да го земат на свој грб решавањето на проблемот со воздухот, кој што Битола, за жал ја прават најзагаден град и најопасен по животот на граѓаните.

Татјана Крнчева, претседател на Комисијата за заштита на животната средина – Совет на општина Битола, СДСМ

 

Не само што две години, на средина на мандатот, апсолутно ништо не направија за воздухот, туку сега од позиција на власт, без ронка совест одрекуваат се што ветуваше градоначалничката Наташа Петровска – чист воздух за сите веднаш по доаѓањето на власт, лицемерно тврдејќи дека тие не го одрекуваат проблемот со воздухот.

А, што од тоа имаат битолчани, дали тоа барем малку ќе им помогне да поминат уште една тешка и долга зима во најзагадената Битола, освен да бидат трпеливи и да чекаат СДСМ и Наташа Петровска да најдат Марсовци и од нив да очекуваат решение на проблемот.

Ништо во градот од страна на Локалната самоуправа и Наташа Петровска, апсолутно не е направено во делот на заштита на животната средина, не се во состојба да го реализираат ниту готовиот наследен проект од претходната власт за прочистителната станица, за што се и предупредени од претставниците на ЕУ.

За жал, големата неспособност на СДСМ и Наташа Петровска се сведува на неможноста јавните претпријатија во градот да ја извршуваат основната дејност за која постојат, па така градот наликува, за жал, на голема и страшна депонија. Граѓаните нема повеќе што да очекуваат, сите разговори за проекти се беспредметни и јалови, сега останува СДСМ и Наташа Петровска да престанат со лицемерието и манипулациите и да си поднесат ОСТАВКА!

 

Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола

Повеќе