На денешен ден, 7 октомври 1946 започнува исполнување на заветот – пренесување на моштите на Гоце Делчев во Скопје.


На денешен ден, 7 октомври 1946 започнува исполнување на заветот – пренесување на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

Три години по загинувањето на Гоце, војводите Михаил Чаков и Таската Серски една ноќ одат тајно во селото Баница во Егејскиот дел на Македонија и ги откопуваат коските на Делчев. Ги потопуваат во шпиртус, ги ставаат во сандак и ги положуваат кај олтарот на црквата во село Баница. Го задолжуваат клисарот Никола да ги чува коските.
За време на Балканските и Првата светска војна, селото Баница трипати е запалено, а еднаш е палена и црквата, но олтарот и сандакот со моштите на Гоце останале неоштетени. За да ги зачува коските, Михаил Чаков повторно оди во селото, ги зема моштите и ги пренесува тајно во куќата во која живее, каде во подрумот ги чува 4 години.
Ковчегот со посмртните останки на Гоце по 4 години е изнесен од куќата на Чаков и однесен да се чува во просториите на „Илинденската организација“ во Софија.

Илинденската организација во Софија била организација на македонските револуционери – емигранти, кои биле следбедници на идеалите на Гоце Делчев за независна македонска држава.

Пред ковчегот да биде изнесен од домот на Чаков, на него е запишан следниот ЗАВЕТ:
– „ГИ ЗАКОЛНУВАМЕ ИДНИТЕ ПОКОЛЕНИЈА, СВЕТИТЕ КОСКИ ДА БИДАТ ПОГРЕБАНИ ВО ИДНАТА СТОЛИЦА (ГЛАВЕН ГРАД) НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА. АВГУСТ 1923, ИЛИНДЕН“.

Веднаш по завршувањето на Втората светска војна, Македонија бара од Бугарија коските на Гоце да бидат пренесени во Република Македонија.
Предавањето на моштите на Гоце Делчев е одобрено од тогашниот бугарски претседател Георги Димитров, кој по потекло е Македонец од Пиринска Македонија.
Македонците во знак на почит, три дена (7, 8 и 9 Октомври) пешки го носат ковчегот од Софија преку Пиринска Македонија, Струмица, Штип до Скопје.

На 10 Октомври Гоце Делчев е погребан во кругот на старата скопска црква Свети Спас.

Заветот е исполнет и коските на Гоце се донесени во Скопје – главниот град на единствениот слободен дел на Македонија.

Слава ти Даскале!


ФБ статус Кристиан Јандриоски

 

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10216793902137375&id=1157734884

Повеќе