СО НЕСПОСОБНАТА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ЕСКАЛИРА ХАОСОТ ВО БИТОЛА – ОСТАВКА!!!

Реакција на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија – Битола

СО НЕСПОСОБНАТА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ЕСКАЛИРА ХАОСОТ ВО БИТОЛА – ОСТАВКА!!

Дека ништо не функционира во Битола заради неспособноста на локалната власт предводена од СДСМ И ЛДП и градоначалничката Наташа Петровска, потврда е и никнувањето на конструкцијата на Широк Сокак (кај Паско), со која не само што крајно е нарушена естетиката, туку се затвора приодот кон плоштадот “Гоце Делчев” и се оневозможува секакво движење.
Ја повикуваме Наташа Петровска, да се освести и конечно, ако не може да размислува за развој и капитални проекти, барем да смогне сили да запре вакви дивеења, кои ете, за жал, на Битола и се случуваат на прагот на втората деценија во 21 век.
Како одминува времето, се побеспредметно станува да се разговара за ветувањата дадени пред граѓаните за “живот за сите”, разочарувањата на граѓаните тројно се поголеми од она што лицемерно го зборуваа, а две години, не само што ништо не направија, туку оваа власт и Наташа Петровска, гледаме дека не се во состојба да ја овозможат основната функционалност на општината и градот.
Единствената можност која им останува е да престанат со лицемерието и да си одат.

Оставка!

Повеќе