ГОРАН ПУТИЦА

Текст на Горан Путица

Фејсбук

Цел живот зборам дека само СДС од петни жили секогаш сакаше да го уништи радиото, глеам конечно им успеало. Ги мафтаат сеа со прикаски дека било ради решавање на статус ова она…а овие од преголема љубов кон својот злотвор (т. н. стокхолмски синдром) наивно им веруваат.
Прегазени од времето, прегазени од новите медиумски изрази (пред се интернетски можности: портали, подкасти, јутјуб канали…) не го поминаа тестот на времето. Задоволни и самозаљубени во својата лажна битност, величина, остареа десетици диџејчиња, “пејачи”, музиканти и “водители” во единственото ухлебение за нив, “студивцето” на вториот спрат во МРТ. Последниве речиси три децении тавореа таму, истото им го овозможи македонскиот народ плаќајки претплата за јавниот сервис. Иронијата да биде поголема мнозинството од плаќачите се припадници на Православната конгрегација на која така “слатко” “момчињата” од радиото им се мочкаат на истата.
Некогаш, кога радиото си го крчеше патот до статусот (одамна изгубен) просечната старост на луѓето таму беше 22-24 години, денес е веројатно 42-44, оматореа пустите таму, оматореа, па каква авангардност може да очекувате од тие средовечни накај стари луѓе?
Останаа во филмот “западни вредности” кои ги пропагираше радиото во некои дамнешни времиња, времиња во кои се мислеше дека тоа е иднината, времиња во кои западот сеуште ја носеше маската на капитализмот со хумано лице. Времиња пред крвавите пирови низ светот на тие “вредности”. Не успеаа да ги согледаат тектонските промени низ кои мина светот. Место антиглобализам, тие пропагираат/а глобализам, наместо станица против воени сојузи тие за НАТО, наместо суверенитет за својата загрозена земја и зачувување на името и идентитетот, тие за северна, за излагање на референдум.
Може да се пишува за нивните даунови во недоглед, нема потреба. Нека свири…
Да се вратам на СДС, а и на крстот на Водно. Им го зачука СДС крстот токму во средина на 103та фрекфенција. Ако беше за арно…. одамна беше и премногу. Можеше да заврши приказната и пред десет, дваесет години и никој ништо немаше да изгуби. Радиото си ја одигра својата улога по се изгледа негде одамна, кон крајот на минатиот век. Затоа не се чудите зошто никој ниту протестира, а ниту примети дека го нема. Денес таков медиум главно се слуша во ауто или ако веќе се слуша дома, тогаш е тоа он лајн, е тоа слушање он лајн овозможи и обсервирање егзактно на слушаноста и тука е крајот, безмилосната вистина убија, ударните емисии на радиото беа слушани едвај од десетина луѓе. Енд оф стори.
Чекајте да дојде ВМРО на власт па можеби ќе ви го врати радиото. Сериозен сум.

 

Линк до статус

Повеќе