Македонскиот воин – Даниел Стефановски го нокаутираше Никола Зориќ во втората рунда

Македонскиот воин – Даниел Стефановски вечерва извојува победа против Никола Зориќ од Србија кој го замени Романецот Флавиус Владеску со нокаут во втората рунда на настанот „Со борба против насилството“ во Страјкерс лигата во Нови Сад, Србија. Првично Стефановски требаше да се бори со Владеску, четирикратен првак на Романија во кјокушин карате и вицешампион на Европа. Видео  

Повеќе...

Разбиена криминална група од Струмица, која се занимавала со продажба на наркотична дрога „хероин“

Засилените активности на МВР за сузбивање на уличната продажба на наркотични дроги продолжуваат, па Одделот за криминалистичка полиција во координирана акција со СВР Струмица, СВР Штип, Одделот за специјални полициски операции и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, разби криминална група од Струмица, која се занимавала со продажба на наркотична дрога „хероин“. Организатор на криминалната група е В.С. (45) од Струмица, лице со криминално минато, осудуван за тешки кривични дела, како и за недозволена трговија со дрога. Тој организирал набавка на наркотична дрога „хероин“ во количини од половина килограм, која потоа ја…

Повеќе...

Трајна забрана во Уставот за промена на уставното име и на унитарниот карактер на РM

Кога пред неколку години ја актуелизирав потребата од внесување трајна забрана во Уставот за менување на уставното име Република Македонија, и на унитарниот карактер на државата, се доби впечаток дека предлогот остана недоволно разбран од политичката и од граѓанската јавност. Како одминуваше времето, како се разоткрија сите елементи на политичката криза во државата, ова прашање повторно добива на значење, поради што и се наметнува обврската истото да се врати високо на политичката агенда во земјата. Времето ни покажа дека влогот на вештачки креираната политичка криза во земјата не е само…

Повеќе...

ЛИДЕР:Македонски функционери вмешани во корупциска афера во Албанија

Извори од албанското обвинителството известиле дека во тековната афера со отуѓување на имот во соседната земја, вклучени се и функционери од Македонија, кои со финансиските средства кои ги стекнале со корупција купиле недвижен имот на албанскиот брег, пренесува Тетова Сот. Судот во Драч, пренесува порталот, денеска ја преиспитуваше одлуката, при што за дел од приведените и ја потврди одлуката од пред два дена за определување на притвор за 20 лица вклучени во скандалот за отуѓување на земјиштето во областа на заливот Лалез во соседна Албанија. Меѓу приведените се поранешениот директор на…

Повеќе...

Гајзер: Мафијашки систем владее со Македонија, Заев не знае да води држава, а Мицкоски е иден премиер и сите сметаат на него

Новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајзер во интервју за Алфа ТВ, вели дека уште од средношколските денови почнал да се интересира за Македонија и македонското прашање. Гајзер во Македонија е познат по тоа што ја откри аферата „Рекет“ и објавуваше видеа за овој случај, а сега открива како првпат ги добил материјатлите со кои го обелодени случајот. Неколкупати ја посетил Македонија, а материјалите ги добил од пријателите кои ги стекнал тука, а тимот на „Ла верита“ бил доволно храбар за да ги објави. -Сите прашуваат дали имаме уште документи,…

Повеќе...

Каталонците што се залагаат за единство побараа лудилото да запре

Околу 80.000 луѓе се собраа денес во Барселона на митинг за поддршка на шпанското единство, а против сепаратистичките аспирации во Каталонија. Собраните граѓани носеа знамиња на Шпанија и Каталонија, а на еден транспарент пишуваше „И ние сме Каталонци, стоп за ова лудило!“, пренесе агенцијата АП. Денешниот митинг се организира по неколкудневните протести на каталонските сепаратисти кои повремено беа насилни. Тие протестираат против одлуката на шпанскиот Врховен суд за казна затвор за деветмина сепаратистички лидери поради обидот за отцепување во 2017 година. Нова Македонија

Повеќе...