Нема крај за предизборните вработувања во јавната администрација- се нудат плати и над 54 илјади денари


Денеска повторно се објавени редица нови огласи за вработувања во државните институции. Во изминатиов период регистриранаи се голем број на огласи во повеќе институции, a јавноста шпекулира дека се работи за предизборен поткуп на гласачи од страна на власта.

Се бараат ревизори, раководители, советници референти соработници и други профили, а платите се движат до над 54 илјади денари, во зависност од работно место.

Имено Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги се бараат 8 државни службеници, додека пак дирекцијата за безбедност на класифицирани информации бара еден 1 државен службеник, а според објавениот оглас се бараат и 30 тина медицински сестри со средно образование во ЈЗУ Градска општа болница 8-ми Септември.

И додека во државните институции се бараат нови луѓе за работа, владата и министерството за информатичко општество и администрација истовремено преговараат со бизнис секторот и синдикатите за префрлање на вишокот на вработени од јавниот сектор во приватните фирми.

Но, од страна на ССК веќе посочија дека ваквата административна реформа отвори многу дилеми во јавноста како и дека се сомневаат дури и во успешноста на моделот.

     

КУРИР.МК

Повеќе