Игор Цветковски – Што може 1 ,што 41 ,што може 61 а што 82 пратеника во Собрание на Македонија?


Мицкоски се прави дека не знае или навистина не знае, дека:

-Со 81 пратеник, без бадинтер, се создава нова држава

-Со 61 пратеник се прогласува се’ црпковистичко за незаконско, се прават и толкуваат закони како ми е волја(на народот волја), се прави ветинг на судии, се бираат началници и други управници, се има моќ, се делегира моќ, се владее.

-Со 41 пратеник се условува создавање влада, се носи закон при 60-на присутни, се напушта по потреба Собранието, се оневозможува редовната работа–нема кворум, се блокира Собрание со амандмани,работа во комисии, се учествува на огромен број надворешни конференции, настани, соработки со други парламенти и слични по сензибилетет партии, групи и се известува светот за етноцидот и незаконијата, се влијае,а може и да се владее, осбено ако се има алтернативен пристап ако си поврзан со победниците на геополитичката разврска а тоа се суверенистичките мултиполарни сили кон кои сите има да сакаат да се приклучат, веќе се камлеонизираат, а ти прв меѓу нашите замисли.Од 41 правиш 82, макар и со кинески методи, не мора баш балкански

-Со само 1 пратеник се галами дека се е незаконско, се прави затворање на говорница, се жртвува својата удобност и се бара укинување на Собранието, Судиите, Владата, Претседателот… се додека не се утврди дали сето тоа е законско или не, дали претходното било законско или не, се прави немир, се жалиш како сноуфлекс на сите светски медиуми, се бива херој предвесник на новото време, макар ништо не било по твоја(народна) волја во тој прв миг.

Покрај ова, развојот на државата не може да зависи од само еден безалтернативен правец, по кој се одеше до сега,и “развојот” е очигледен, ниту исселеувањето би се спречило ако се оди уште побрзо на тој пат-напротив,  како што не може да се очекува помош од оние евроатлантски авторитети кои вчера молеа за помош на далечниот исток,
но секако дека може да се изгуби уште нешто, кога веќе духот(идентитетот) е паднат токму поради таа безалтернативност, следи природата да се даде-водата.

Штом е безалтернативна целта, безалтернативна мора да е и послушноста кон оној што стои зад целта, која ништо добро не ни донесе досега.

Колку да се знае.

 

Игор Цветковски

08.11.19


Фејсбук статус

Повеќе