Текстилните работници на протест во Штип


Стотина текстилни работници од Штип, Кочани, Пробиштип и Делчево денеска излегоа на протест пред капијата на поранешниот моден гигант „Астибо“ во Штип и упатија порака до Владата и државните институции да донесуваат закони што ќе ги штитат работниците, а не сопствениците на фабриките.

Повод за протестот се барањата на текстилните газди, меѓу кои: продолжување на работното време, укинување на празници за да нема дисконтинуитет во производството и замрзнување на придонесите.

„За нови џипови“, „За работа на секој празник“, „За повеќе непријавени работници“ беа само дел од саркастичните пораки со кои граѓаните на протестот изразија револт за ваквите барања на текстилните газди, кои ги нарекуваат „апсурдни“.

Тие добија поддршка од претставниците на Здруженито „Гласен текстилец“ и од Хелсиншки комитет, кои биле поканети на протестот.

Организаторите најавија дека по Штип, текстилните работници најавуваат протест и во Скопје.

Повеќе