Во Македонија имаме цркви постари од Нотр Дам: Една од нив се наоѓа во Струмица


Во југоисточниот дел на нашата држава се наоѓа комплексот цркви и манастири „Св. Петнаесет тивериополски маченици“, комплекс кој датира од 9 век и истиот е вклучен во списокот на Културно наследство на Македонија.

Основните податоци за делата на Светите Петнаесет Тивериополски маченици произлегуваат од Житието на охридскиот архиепископ Теофилак Охрдиски. Во дворот на црквата имало пораснато дрво над гробовите на м*чениците. Локалното население го почитувало тоа дрво како свето. За време на Османлиското ропство кога сакале да го пресечат дрвото луѓето ги снашла голема несреќа.

Комплексот цркви вклучува цркви од различни временски периоди и тоа: претхристијанска, ранохристијанска базилика, крстообразна црква и нејзината подоцнежна обнова. Во крстообразната црква се наоѓа најстарата досега пронајдена фреска во Македонија, на која се претставени светите Тивериополски свештеномаченици.

Во претхристијанскиот храм се зачувани мозаици, додека ранохристијанската базилика не може целосно да се открие заради тоа што добар нејзин дел е покриен од крстообразната црква. Оваа петокуполна средновековна црква од таканаречен сложен „цариградски тип“ е единствена во Македонија и една од ретките на Балканот.

Денес, црквата ја посетуваат многу македoнски, но и странски туристи. Особено во последните две години, однсоно по донесувањето на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушница“ од Грција како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.

365.com.mk

Повеќе