Струмица стана симбол на неисполнети ветувања“

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Митко Дрвошанов Советничката група на ВМРО–ДПМНЕ и Коалицијата на половина од последниот мандат на локалната власт, предводена од СДСМ со оваа прес конференција се обраќа до граѓаните поврзано со дилемите кои се актуелни во јавноста. Во изминатите две години Општина Струмица потроши два буџета од по 19 милиони евра, или вкупно за овие две години нешто над 38 милиони евра. Дилемите на граѓаните оправдано се: дали по две години или вкупно 14 години раководење на СДСМ со општината локалната власт ги има…

Повеќе...

Зеќир Рамчиловиќ избран за нов потпретседател на Собранието

Независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ денеска и официјално беше избран за нов потпретседател на Собранието. Со 62 гласа „за” и 12 против, пратениците од Собранието ја донесоа одлуката за новата функција на Рамчиловиќ. Тој доаѓа на местото на Весел Мемеди, а беше дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе...

Што да ти кажам, си знаеш и сам

На прав пат сме. Дефинитивно. Се возиме турбо и на поверење, на слепо. Што има врска и така еднаш се умира, сега или попосле, сеедно. Државата вози без кочници кои се сувишен трошок бидејќи се знае дека патот до Европа е тој. Прав. Позади ја влечеме приколицата Албанија бидејќи од Брисел ни порачаа дека без неа ич да не тргаме. И така, возиме, занесува приколицата ама ние тераме на право. По пат слушаме: дете од кафана добива тендер од 35 милиона евра да ја снабди стручно медицината наша со реагенси и…

Повеќе...

Јанушев избран за шеф на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница, едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори. Извршниот комитет го задолжи Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб. -На состанокот на ИК се анализираше и досегашниот тек на акцијата „Обнова на Македонија“ и проблемите со кои се соочуваат илјадници граѓани кои пристапија и побараа решение. Беше констатирано дека граѓаните не сакаат лаги и измами како ветувањата на Зоран Заев, туку инвентивна, реална, остварлива програма која што ќе го…

Повеќе...