Струмица доби Парк за миленици од ЕВН Македонија

Статија на СтрумицаНет Со присуството на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и раководителот на ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица, Александар Трлин, денеска во Струмица беше пуштен во употреба „Парк за миленици“, кој е во рамките на Градскиот парк и се наоѓа на тревниот простор помеѓу стадионот „Благој Истатов“ и Амфитеатарот. Паркот е ограден, а внатре содржи повеќе видови на реквизити и предмети за забава и дресирање на домашни миленици, како и клупи за седење за сопственици на милениците. За неговото одржување ќе се грижи општината, а градоначалникот истакна дека очекува помош од граѓаните кои ќе…

Повеќе...

Цветанова: Очекувам Советот на амбасадори да му даде доживотен мандат на другарот Заев

Ганка Цветанова, поранешната министерка за култура со луциден предлог до Советот на амбасадори кои денеска побараа одложување на предвремените парламентарни избори за да продолжеле реформите. Во следното соопштение на Советот на амбасадори очекувам да ги видам следниве два предлога: 1. Да му се даде доживотен мандат на другарот Заев; 2. Да му се продолжи мандатот се’ до моментот на престанокот на официјалното постоење на „нашата земја“, пишува на твитер Цветанова.   https://twitter.com/gankacv/status/1196448213005406209?s=19

Повеќе...

Таткото на Боки 13 осуден на казна затвор од шест месеци

Таткото на Боки 13, Миле Јовановски e осуден на казна затвор од шест месеци, откако претходно призна вина дека го натепал свештеникот Виктор Стојчев. Обвинетиот Јовановски денеска не беше присутен во судница за да ја чуе пресудата. Според обвинението, Јовановски на 7 јануари 2017 година физички го нападнал Стојчев по расправија за паркинг место, по што му нанел физички повреди, од кои и скршеница на зглобот на ногата.  

Повеќе...

Јанушев: За разлика од Заев, од Мицкоски нема да чуете приказни, туку има да се засукаат ракавите и да се работи деноноќно

Имаме проблем со Зоран Заев кој ветува се живо на секаде и никому не вика не – ова е кажано од пријател на Република Македонија! За разлика од него (од Заев) од Христијан Мицкоски нема да чуете приказни дека на некого ќе му го омекнува срцето само за да ни се погледа низ прсти, туку има да се засукаат ракавите и да се работи деноноќно!, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. -Нашата програма ќе се базира на работа, работа и само работа на сите полиња, исто како да го…

Повеќе...

Зошто софискиот договор е катастрофален за Македонија

Иако поминаа две години од потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, пред неколку дена се појави анализа на „Енергипрес“, насловена „Зошто софискиот договор е катастрофален за Македонија“, во која од надворешен агол се фрла поинакво светло врз договорот и неговите фатални последици врз Македонија Иако Преспанскиот договор со Грција е проследен со многу негодување и противење на дел од популацијата, договорот со Бугарија, со чии одредби ќе се занимаваме во овој текст, е со многу почувствителна содржина. Додека со првиот на сметка на името на државата се задржани виталните…

Повеќе...