Aпелација ја пушта Jанева во куќен притвор без никаква гаранција


Апелациониот суд во Скопје  ја прифати жалбата на поранешната специјална обвинителка за нејзино префрлување во домашен затвор. Катица Јанева оди во куќен притвор.

Претходно таа понуди гаранција од три станови, но Кривичниот суд не ја прифати. Сега оди во домашен притвор, но без гаранцијата.

Како што дознаваме, Јанева куќниот притвор ќе го издржува во станот на нејзиниот син во Скопје.

Јанева издржуваше притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари од нејзиното приведување на 21 август годинава, кога беше уапсена како третоосомничена во „Рекет“.


РЕПУБЛИКА.МК

Повеќе