ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ: Потребни се само 5500 евра за операција на младата Стаменка- да живее нормален живот без болки и ограничување!


Да бидеме хумани и да и помогнеме на младата Стаменка која има претерано силни болки и големо ограничување во движењето, да може и понатаму да живее нормален живот. Нејзиниот колк е во фаза на распаѓање, односно има дијагноза коксартроза која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена. Операцијата која би се извршила во соседна Србија чини само 5500 евра во кои се состојат и операцијата и постоперативниот третман.

-Драги пријатели, некои од вас лично ме познаваат и лично знаат со каков проблем се мачам последниве неколку години. Бидејќи веќе не знам што да правам па решив вака јавно да се обратам и да побарам помош за мојот колк кој е во фаза на распаѓање т.е. поточно имам дијагноза коксартроза која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена. Оваа агонија со константни болки и ограничување во движењето е макотрпна работа и од големите болки кои ги имам сум принудена да избегнувам било каква физичка работа. За истиот проблем да биде решен најдовме првиватно соодветна клиника во Србија која истото може по артроскопски пат да го реши за да не дојдам до менување и ставање на вештачки колк. Докторот Александар Црнобариќ е со позитивно мислење и соодветно решение на мојот проблем, воедно да не заборавам да напоменам дека е еден од најдобрите доктори на балканот за таа дијагноза. Инаку неговиот преглед беше детален и убаво објаснет за понатамошно лекување. Операцијата која ќе ја изврши лично тој чини 5500 евра во кои се состојат операцијата и постоперативен третман. Затоа драги пријатели ве молам вас за помош кој колку може да донира и конечно мојата агонија од претерано силни болки и големо ограничување во движењето да престане и да можам понатаму да живеам нормален живот.
Брат ми неодамна почина, а татко ми не е финансиски способен да ми помогне, па затоа се решив вака јавно да побарам помош од вас.

Телефони за донација:

T – mobile 143 123

За Вип наскоро ќе добијам бројче

Жиро сметка: 270700042513594
со цел на дознака “донација за Стаменка”


 

Повеќе