Анкетите погласни од лагите на Костадинов: За студентите Мицкоски е еден од најдобрите професори на Машинскиот факултет


Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов повторно држи пропаднати прес-конференции. Иако се одвикна од држење прес-конференции пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, се уште не се одвикнал и ја користи старата практика да изнесува лажни вести пред јавноста.

Една од последните прес-конференции на Костадинов беше посветена на универзитетската кариера на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, професор на Машинскиот факултет.

Мицкоски е најлошиот асистент на Машинскиот факултет. Мицкоски е најлошиот директор на ЕСМ. Мицкоски е најлошиот лидер на опозицијата. Неговата кариера ниту е професионална, ниту е академска, ниту е политичка. Неговата кариера е измамничка и манипулативна, рече Костадинов на прес-конференција одржана во четвртокот.

Сакајќи да го дискредитира, Костадинов изнесе куп лаги, кои ги демантираат анкетите на Машинскиот факултет направени меѓу студентите. Сакал да признае или не, Костадинов нема избор освен да ја прифати вистината, зашто поголема веродостојност од неговите зборови можат да имаат само фактите изнесени од студентите.

Според една анкета спроведена меѓу студентите за интерни потреби на факултетот, предавањата на Мицкоски им биле од голема корист, биле јасни и прецизни и почнувале навреме. Мицкоски предавал според зададената лидетераура, а и на тестовите не поставувал нејасни и прашања надвор од темата, а, пак, студентите задоволни од предавањата, редовно ги посетувале и ги извршувале задачите.


 

Повеќе