Пандов: Остана само Уставниот да одлучи дека Заев и Верушевски се слободни луѓе, а единствени виновници во Македонија се патриотите од 27 април


Беше тоа крајот на јануари 2015 година кога тогашниот премиер на Република Македонија Никола Груевски излезе на прес-конференција на која обзнани дека имал неколку средби со Зоран Заев во неговиот кабинет, каде овој му се заканувал со нелегално прислушувани телефонски разговори, барајќи од него да се повлече. Внимателно слушајќи го пресот по неговото завршување во две работи бев сигурен: прво дека Верушевски е организатор на прислушувањето и второ дека истите тие телефонски разговори ќе бидат употребени за дискредитација и оцрнување на Груевски и ВМРО, а со единствена цел да биде инсталирана марионетска и предавничка власт претводена од Заев, која би го сменила уставното име на татковината, Република Македонија, пишува аналитичарот Александар Пендов на Фејсбук, коментирајќи го падот на СЈО и реактуализараната тема за аболициите на Ѓорге Иванов.

Под притисок на Џес Бејли, а со изговор дека Заев и Шеќеринска немаат доверба во обвинителите Марко Зврлевски, Вилма Рускоска, Лиле Стефанова и други, неколку месеци подоцна политичките партии во Пржино се договорија да изгласаат специјален јавен обвинител, кој пред се ќе испита кој прислушувал и за чиви потреби. На 15 Септември истата година во парламентот беше изгласана Специјалната Катица Јанева. Не знам што тогаш договарал и преговарал Нино (Смрт) Тодоров со Оливер Спасовски, но намето Специјален Јавен Обвинител, ние добивме Специјално Јавно Обвинителство.

Како и што беше за очекување, СЈО наместо да ја заврши започнатата постапка против Заев и Верушевски, таа прво што направи ги ослободи (Верушевски си доби и обештетување од буџетот за притворот). Од друга страна, за потребите на Заев, Катица веќе појачана и со нејзините ангелчиња, на големо величана од таканаречените невладини организации, носени со слики на градите на тогашните шарени, со подршка од меџународна да на нивните пресови како составен декор беа седнати и по пет шест амбасадори, сосема комотни, онака од ракав си пишуваа обвиненија против тогашното раководство на ВМРО, но и против новинари, бизнисмени, полицајци. Во 95 % од обвиненијата единствен доказ беа нелегалните приватни разговори на обвинетите. А и во тие обвиненија, најголем грев било што во Мерцедесот имало телевизори на задните седишта, на Фиат му течело низ ногавици, а Андреј требало да јаде шамари!

Неколку месеци подоцна, на 12 Април 2016 година, верувам откако се уверил дека единствената цел на СЈО е рушење на легално избраната власт во Македонија, претседателот Ѓорѓи Иванов прогласи аболиција за сите 56 обвинети или можно обвинети од СЈО. Јас бев првиот кој заедно со ГДОМ и огромен број Македонски граѓани протестиравме пред Собранието против неговата одлука да ги помилува Заев и Верушевски. Меѓутоа, после разговорот со неколку уставни и правни експерти мене ми беше јасно дека се бунел јас или не, неговата одлука е неодповиклива. Како и за се останато во Македонија кога правото треба да биде во услуга на политиката, а повторно со огромни притисоци на Бејли и меџународна на крајот излезе пу пу не важи.

Е не важи за Кацарска и Димишкова, ама за Врховниот суд на Грција важи, за Врховниот суд на Унгарија важи, а бога ми и за Стразбург ќе важи.

Во меѓувреме уставното име е сменето и со самото тоа СЈО си ја заврши работата и е фрлен како искористен презерватив. Фатиме и Ленче се магационерки, во исчекување на обвинение за кражбите кои ги правеле од буџетот.

На некого му се допаѓало тоа или не останува да се одигра и последниот чин, Уставниот суд да ги расчисти сите дилеми дека помилуваните луѓе во случаите на СЈО, вклучувајќи ги Заев и Верушевски се слободни луѓе.

Единствени виновници во Македонија останаа патриотие и уставобранителите од 27 Април.
#СлободаЗаПатриотите👌🏻


 

Повеќе