УЖ на ВМРО-ДПМНЕ одбележа 22 години од основањето


Денес во Велес беше одбележана 22 –та годишнина од основањето на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и на Унијата на жени Општински комитет Велес.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е столбот и стожерот на партијата, која гордо стои исправена пред предизвиците на времето, полни 22 години. На 21 Ноември 1997 година во Велес , на годишно собрание одржано во хотелот Вила Зора, Д.р Марија Јорданова, тогашен советник во Советот на Општина Велес , заедно со повеќе активни членови и членки го формира првиот Општински комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Унијата на жени се формираше со една цел, како политичка структура во рамките на партијата да ја зајакне улогата на жената во политиката, а со тоа да се избори за родова еднаквост. Денес, УЖ е силна организација која во своите редови вклучува повеќе од 64.000 членки, во 835 месни комитети од 71 општински комитет, од сите градови во државата.

На настанот присуствуваа претседателката на Унија на жени, Благица Ласовска, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, претседателката на Унија на жени Општински комитет Велес, Весна Атанасовска, повеќе членки на извршниот комитет, како и на Советот на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателката при основањето на Унијата, Ирена Мишева, досегашните претседателки на Унијата на жени и многу други. Унијата на жени од Велес, сите овие години опстојува пред налетот на времето и невремето, активно учествува во партиските активности и организира бројни настани, трибини и хуманитарни акции се со цел за доброто на своите сограѓани.

Денес Унијата на жени од Велес, го вложува својот максимум во извршувањето на своите задачи, под раководство на претседателката Весна Атанасовска и Општинскиот комитет. Во своето обраќање Претседателката Атанасовска ги потсети присутните дека Унијата го започна својот пат на првото годишно собрание, под мотото Вера, надеж и љубов како животна сила и мудрост.

Во таа насока таа рече дека силно верува во мотивираноста на сите жени членки, на помладите затоа што се одважија да го дадат својот придонес во време кога Р.Македонија го живее својот тежок период, еднакво и храбро како и жените кои ја основаа Унијата. На настанот се обрати и потпретседателката при основањето на Унијата, Ирена Мишева.


 

Повеќе