Уставниот суд ја крена судско- политичката фела на нозе


Членот 11- а од Законот за помилување на маса кај уставните судии. Тие одлучија на дневен ред да ја стават иницијата за поништување на сите обвиненија, истраги и судски процеси, поведени против поранешни функционери, кои пред четири и пол години беа аболицирани од тогашниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов. Членот 11- а, вели дека претседателот може да ја отповика дадената аболиција, а иницијативата го тврди спротивното.

Токму ваквата ситуација донесе препукувања меѓу власта и опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат Заев преку Уставниот суд создава можност после поразот на изборите да биде амнестиран за коруптивните афери и зделки.

-Потписот на Заев врз одлуката на Уставниот суд најдобро се гледа во лицемерието со кое се одредуваат приоритетите на судот. Иницијативи кои се однесуваат на испитување на уставноста на многу посуштински закони со години се држат во фиока и не се разгледуваат, а без никакво образложение, по политичка наредба, се дава предност на предмет кој се однесува на Законот за помилување. Оваа одлука на Уставниот суд е јасен показател дека тој, како и останатото судство, целосно се потчинија на волјата на Зоран Заев и СДСМ која моментално е на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката за правда,  Рената Дескоска пак побара Собранието да го спречи враќањето на аболицијата. По барањето на Дескоска, пратениците Сашко Коцев и Диме Велковски, поднеле барање за автентично толкување на членот 11-а.

-Во рацете на Собранието е сега еднаш засекогаш е да го затвори ова прашање и да оневозможи оживување на незаконските помилувања на Иванов, изјави Дескоска.

Ако иницијативата за која гласаа пет од деветте судии, помине во Уставниот суд, се активираат дадените амнестии на повеќе од 50 осомничени и обвинети во постапките на сега веќе згаснатото СЈО. Најголем дел од амнестираните беа од минатата власт, но и сегашниот премиер Зоран Заев.

Матеја Петровски

 

 

Повеќе