Манчев : Колку камиони можат да бидат купени за истите пари, а потоа засекогаш да останат во сопственост на “Комуналец “?


Во врска со одлуката на
ЈП “Комуналец” – Струмица да ангажира друга фирма да собира смет ( само таа, една се јавила на тендер ) за 1,2 милиони евра, за една година,
го повикувам градоначалникот на Струмица, сите советници во советот на општина Струмица ( вклучително и од ВМРО ДПМНЕ ), сите граѓани на општина Струмица, вклучително и премиерот на РМ Зоран Заев, најостро да ја осудат ваквата одлука и на мирен протестен начин,
во рамките на законските можности,
да го спречат овој грабеж од парите на сите жители на општина Струмица !
Срамота е !
За една година ЕДЕН МИЛИОН И 200 илијади ЕВРА, за дејност која до сега ја вршеше Комуналец, во фирма каде постојано расте бројот на вработени, а работата е иста отсекогаш !
Камионите биле стари ( изјавува директорот ( прилог во видеото ) потценувајќи ги сите струмичани ),
А колку камиони можат да бидат купени за истите пари, а потоа засекогаш да останат во сопственост на “Комуналец “?

Напиша пратеникот Манчев Ванковер  од ВМРО-ДПМНЕ  на својот ФБ.


#СоцијалниМрежи

Повеќе