Јанушев – Златниот рудник на Заеви, општина Струмица, продолжува со матните тендери.


Златниот рудник на Заеви, општина Струмица, продолжува со матните тендери.

Јавното комунално претпријатие во Струмица има 420 вработени, но сепак склучува договор за собирање на смет со приватна фирма за, внимавајте, 1.200.000 евра за 1 година!!!

Директорот на ЈКП Струмица, Зоран Ѓоргиев, кој патем е еден од најблиските соработници на Зоран Заев, се “обидува” да го оправда склучување на договорот со истрошениот возен парк и зголемениот обем на работа. Колку нови возила за собирање на смет може да се купат за 1.200.000 евра, кои притоа ќе бидат сопственост на општината и ќе се користат со години, тоа веројатно не ги интересира овие од криминално-рекетарската банда на Заев?!?

Фирмата ДасМак од Струмица, до пред неколку месеци имала 4-5 вработени, а од прилика пред еден месец распишува оглас за вработување на 12 лица за собирање на отпад (огласот е распишан на 23.10.2019 година и траел 3 дена, до 26.10.2019 година). Како да знаеле дека ќе го склучат договорот? 🤔🤭

Значи, ЈКП Струмица со 420 вработени не може да се справи со сметот, бидејќи е зголемен обемот на работа, барем така тврди директорот, ама фирмава на која ќе и плати 1.200.000 евра за 1 година, со помалку од 20 вработени ќе погрижи се да биде “цакум-пакум”?!?

П.С. – и додека Заев и СДСМ зборуваат за независно правосудство и обвинителство, сопругата баш на овој директор од ЈКП Струмица пред неколку месеци е избрана за член на судски совет, интересно нели?

Напиша –Игор Јанушев на својот фб.

 

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=475331893188483&id=155612228493786


 

Повеќе