Уставните судии не ја поддржаа иницијативата на Чавков за амнестијата


Уставните судии ја разгледуваат иницијативата што ја поднесе поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков кој оспори два члена од Законот за амнестија со образложение дека Законот за амнестија што беше изгласан во Собранието бил селективен.

Сепак ниту еден од уставните судии не ја поддржаа иницијативата на Чавков бидејќи според Уставот, амнестијата е во исклучива надлежност на Собранието.

-Уставниот суд не може да се стави на местото на Собранието на Македонија. Собранието има право за кој може, а за кој не може да има амнестија. Подносител на оваа иницијатива е Митко Чавков, осуден за „крвавиот четврток, рече на денешната седница на Уставниот суд судија Владимир Стојановски.

Судијата Осман Кадриу пак рече дека подносителот е лишен од едно уставно право, односно е лишен од слобода.

– Дали во овој случај законот содржи дискриминација? Подносителот тврди дека не бил еднаков третманот на посочениот настан кој е познат како „крвавиот четврток“. Амнестијата е акт на милост. Токму амнестијата е во надлежност само на Парламентот, а другите правни норми како помилување и аболиција се во надлежност на шефот на државата. Амнестијата се дава со закон кој го донесува Парламентот и не се дава на лица со име и презиме, туку групно и за конкретни кривични дела, рече Кадриу.
Расправата на Уставниот суд е во тек, а конечната одлука ќе биде позната попладне по завршување на седницата.

ФОКУС


 

Повеќе