Шекеринска е министерката која го посетуваше домот на Боки?

Статија: Република.мк


Камерите од куќата на моите родители ќе докажат кој заминува со торбата и каде. Вака на вчерашното прво рочиште за случајот „Рекет“ изјави првообвинетиот Бојан Јовановски. Во образложението на своето обвинение, Јовановски истакна и дека нема никаква вина и оти е жртва на една поголема игра, во овој случај кој не сака да го именува како „Рекет“.

Преку овој предмет се води валкана политичка игра, порача вчера тој, додавајќи дека ќе сведочи за сите инволвирани во овој настан, за организаторот и сите помагачи.

И после неговото апсење летото Јовановски споменуваше слични докази, а според информациите на српски „Курир“ на полицајците кои го приведувале им се заканил дека доколку нешто му се случи, сите докази се кај неговата мајка.

Ако ме обесите и тоа се обидете да го претставите како самоубиство, ако овде ме тепате, мачите, заплашувате, убаво сега во кажувам, да не биде после дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден, пренесе тогаш српски „Курир“.

Дали навистина „Луј Витон“ торбата завршила на „Илинденска“?

Ларис Гајзер, италијанскиот новинар кој ги објави снимките, рече дека има видео материјал од движењето на џи-пи-ес апаратите кои биле поставени во чантата „Луј Витон“, кои според свиркачи кои ги виделе материјалите, уредите за следење покажувале дека чантите завршиле токму во Владата на Македонија.

Како точно завршила таму? Можеби преку сите оние дипломати, обвинители, политичари, кои го посетиле домот на Јовановски по неговото апсење.

Имено, соседот на семејството Јовановски во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77 одговори потрврдно на прашањето дали е вистина дека по aпceњeтo на Боки 13, неговиот дом го посетиле дипломати и владини претставници.

Јас сум често, 60 до 70 проценти надвор од Македонија и кога сум дома настојувам со семејството да поминам квалитетно време. Домаќинката е дома постојано и таа се гpижи за семејството, информациите се од неа во кои што вели: Проврвеа eдна цела влада, тие службените возила се познаваат кои се владини возила. Во првите 20-тина дена буквално, а и самиот видов додуше, проврве пола Влада, јавни обвинитeли, cyдии кои што сум ги видел на телевизија. Се прашувам како е можно кај едно лице што е во притвор за таков криминал да дојдат сите тие обвинители, судии, министри, поточно МИНИСТЕРКА, женска линчност во владата, рече соседот Виктор Стојчев, односно свештеникот од МПЦ кој се стекна со скршена нога откако на Божик 2017 година беше нaпaднaт од таткото на Боки, Миле Јовановски.

Во јавноста се шпекулира министерката за која станува збор е министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Секој што е паметен знае дека никој, па ни Коки, не може да е толку моќен да обезбеди зaштита за сите лица со кои соработувал, ако тие и без него не се поврзани со државниот врв. Така, на пример, една од клучните личности во најблиската околина на Коки е една дама, за која се знае дека е јатрва на една наша многу моќна и позната политичарка. Тоа е само еден детал за она што треба да се открие и – ќе се открие, пишуваше новинарот Бранко Героски, кој беше првиот што под псевдоними почна да ги објавува приказните за „Рекет“.

За ова да стане појасно: Во Меѓународниот сојуз како основач се јавува Марија Јанковска, сопруга на братот на Божидар Јанковски познат како Бобо Дајнерс, односно сопругот на Шекеринска. Со ова уште толку се потврдува, но и продлабочува врската меѓу обвинетиот и министерката.

Какви информации Боки разменувал со Рускоска?

На страна политичарите, чија вмешаност во „Рекет“ колку и да се забошува е повеќе од евидентнта, од вчера погласно се поставува и прашањето каква е врската на Јовановски со обвинителката Вилма Рускоска?

Дали меѓу оние обвинители кои го посетувале домот на Јовановски е и самата Рускоска?

Оваа обвинителка има гостувано во мојата телевизија и колку што сум седел во ресторан со третообвинетата, толку сум седел и со надлежната сега обвинителка. Разлика нема, изјави вчера Боки 13.

Што уште има да раскаже Јовановски за вмешаноста на многу повисоки политички фигури од оние за кои досега се шпекулираше, треба да се дознае во наредните рочишта.

Дотогаш, останува да се поврзат точките на она што е веќе утврдено, а тоа е дека уште нема одговори каде се парите дадени од Орце Камчев (барем за овој случај, а понатаму и парите за кои се води новата проширена истрага кон невладината организација „Меѓународен сојуз“).


 

Повеќе