„Најлошата сиромаштија е осаменоста и чувството дека не си сакан„

Ако ги судиш луѓето, ќе немаш време да ги сакаш. Луѓето честопати се неразумни и себични, сепак, прости им. Ако сте љубезни, луѓето може да ве обвинат дека имате скриени намери, сепак, продолжете да бидете љубезни. Ако сте искрени, луѓето може да ве излажат. Сепак, бидете искрени. Ако ја пронајдете среќата, луѓето може да ви љубоморат. Сепак, бидете среќни. Доброто што ќе го сторите денес ќе биде заборавено утре. Сепак, правете добро. Мирот започнува со насмевка. На светот нема мир бидејќи заборавивме дека си припаѓаме еден на друг. Никогаш не…

Повеќе...

Петир: Македонија и македонскиот народ имаат право на своја држава, јазик, идентитет и име!

Поранешната хрватска европратеничка Маријана Петир уште еднаш да ја изрази својата безрервна поддршка за Македонија и за македонскиот народ овој пат инспирирана од колумната на Роберт Димитриевски со наслов „Има некоја тајна врска меѓу Македонците и Хрватите“ објавена во порталот Експрес.мк. „Отсекогаш стоев покрај Македонија и македонскиот народ и се борев против неправдата што им се нанесуваше со години. Тие имаат право на своја држава, на свој јазик, идентитет и име! #Хрватска #Македонија #пријатели“, ја прокоментира на Фејсбук споделената колумна основачката и шеф на Група пријатели на Македонија во Европски…

Повеќе...

УЈП : Важна вест за сите кои скенираат фискални

Се уште во тек е исплатата на повратот на ДДВ која за првото тримесечје треба да заврши до 31 овој месец. Од УЈП апелираат граѓаните да проверат дали внеле точен број на трансакциска сметка и доколку има потреба навремено да направат корекции. Во наградната игра МојДДВ #МојаНаграда досега учествуваат 110 илјади граѓани и се доделените првите 30 награди, при што за трипати се зголемени бројките за скенирани сметки, наплатата на ДДВ и на корисниците на мобилната апликација, објави министерката за финасии Нина Ангеловска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.…

Повеќе...

Мицкоски најави покачување на пензиите два пати годишно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со порака до пензионерите од денешниот народен собир. -За пензионерите ветувам враќање на стариот модел, каде што два пати годишно растеа пензиите. Тоа што им го укина Зоран Заев заедно со Мила Царовска. Раст на пензиите според трошоците за живот и порастот на просечната плата во Македонија, два пати годишно. Се обврзуваме дека тоа ќе го направиме, порача тој.  

Повеќе...

Заев од Тирана: Ова што се случува е новата реалност, новата слика на регионот

До пред некое време едвај се среќававме и многу ретко седнувавме на заедничка маса, а ова што последните три-четири месеци се случува е новата реалност, новата слика на регионот. Имплементацијата на Декларацијата за спроведување на четири слободи на ЕУ во Западен Балкан, донесена во Охрид минатиот месец, веќе дава резултати за нашите граѓани и за економиите, истакна премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата како завршница на третиот состанок на лидерите на Западен Балкан што денеска се одржа во Тирана. -Утрово го посетивме Драч и јас сум сѐ уште под емоции од…

Повеќе...

БИЛ НИКОЛОВ : Не потклекнувајте,објавувајте ги вистинското знаме на Македонија и картата со сите 3 дела

Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за човекови права на македонците од Канада(ММДЧП),Бил Николов,на својот Твитер налог ги охрабрува македонците  да не потлекнуваат под расистичките притисоци и да ги откријат насилниците кои им се закануваат,онака како што тој тоа во контиуитет го прави и покрај сите закани кои со години ги добива заради користење на вистинските македонски симболи и поради неговата жестока борба за правата на македонците. Ако некој се жали на фотографија на која што стоите пред мапата на целата поделена Македонија и пред вистинското знаме на Македонија, објавете ја…

Повеќе...

Мицкоски на големиот народен собир: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи заедно, силно и обединето, победата на народот доаѓа!

ВМРО-ДПМНЕ победува, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи заедно, силно и обединето. Уште само 13 дена Заев е премиер и никогаш повеќе. Тоа значи еден чекор кон целта, а конечниот крај на оваа власт, што ќе значи победа на народот, доаѓа за три ипол месеци од денес. Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот голем народен собир организиран од партијата. -Ги издржавме три години, со штета која ја направија за триста години, ќе ги издржиме уште три ипол месеци. И одговорот следи на 12-ти април, а јас знам каков ќе…

Повеќе...

„Алфа“: Институциите молчат, јавноста во дилема – што се крие зад аферата „кокаин“?

Молк во институциите по завчерашната акција против лица осомничени за трговија со кокаин. Ниту денеска, ни од обвинителството, ни од МВР не соопштуваат детали за акцијата во која беше приведена и познатата македонска актерка Силвија Стојановска. Молкот на надлежните отвора сомнеж, дали наскоро и други лица за истото дело ќе паднат во рацете на меѓународните партнери? Непознато е колку лица учествувале во криминалната мрежа и колкав период траеле нивните активности на црниот пазар? Од МВР велат информација за случајот ќе имало „кога ќе дојде време“, анализира телевизија „Алфа“. Судија на претходна…

Повеќе...

Луѓе што изгубиле човечки идентитет немаат потреба од национален идентитет

Влегуваме во големи светски потреси што ќе го сменат лицето на планетата во следните години. Само кај нас никој не го забележува тоа. Ние си имаме загаден воздух, сапуница „Рекет“, прислушувани разговори за тоа кој кого и за колку го лижел, уште илјадници туѓи муабети за слушање и туѓи животи за живеење. Затоа и ни го спроведоа обезличувањето Излезе анкета. Осумдесет проценти од младите сакале да влезат во Европската Унија. Претпоставувам во „млади“ ги ставаат оние што штотуку влегле во полнолетство. Не како што знаат медиумиве кај нас, „триесет и…

Повеќе...

Василевска со интервју за Курир: До последен здив смислуваат нови сценарија и оправданија зошто би пролонгирале некој ден повеќе останување на власт

Ова е една ненародна власт која дојде на чело на државата со многу сомнителен и непринципиелен потег, со злоупотреба на многу механизми кои, во суштина, одразуваат примитивно општество, далеку од стандардите за кои што се залагаат, а тоа е евроинтеграцискиот процес. Ова го истакнува универзитетската професорка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, во интервју за КУРИР, на прашањето дали очекува пролонгирање на изборите. -Од таа причина не изненадува до последен здив да смислуваат нови сценарија и оправданија зошто би пролонгирале некој ден повеќе останување на власт. Се разбира,…

Повеќе...