Генералот од Охрид и балканските масони

Генералот од Охрид и балканските масони Во 1909 година мајорот Александар Протогеров ја посетува Швајцарија и лично се сврзува со претседателот на Меѓународното биро за масонски врски, Едвард Картие ла Тант, во францускиот Њу Шател. Член на Теозофското друштво, Протогеров сè уште не бил член на Сојузот на Слободните Ѕидари и во Швајцарија се запознава и „потпаѓа под влијание“ со неколку српски масони, кои всушност му ја договориле средбата со Картие ла Тант. Од шефот на Меѓународното биро за масонски врски, Протогеров побарал поддршка за влегување во српскиот масонски сојуз.…

Повеќе...

Синдикат на културата утре на предупредувачки штрајк

Синдикатот на културата на Република Македонија за утре најави еднодневен предупредувачки штрајк во институциите од културата поради непотпишување на Колективен договор за кој преговарале речиси 2 години и за кој, како што велат,  континуирано добивале ветувања од Владата и Министерството за култура дека ќе биде потпишан најпрво до крајот на 2018, а потоа до крајот на 2019 година. „Вработените во културата се речиси 15 години без социјални права, со огромни разлики во платите и субјективна валоризација на трудот. Ускратени им се правата на додатоци на плата и надоместоци на трошоци…

Повеќе...

Oбвинителството прислушувало 34% повеќе во споредба со 2017 година

Обвинителството лани повеќе прислушувало во однос на 2017 – та година. Државниот обвинител Љубомир Јовевски до Собранието достави извештај за примената на посебни истражни мерки. Според статистиката на Обвинителството, во 2018 – та година во однос на 2017 – та забележано е зголемување при користењето ПИ – мерки за 34 проценти во случаите. Има раст од 9,7 насто кај лицата кои биле следени. Статистички, лани во 95 случаи биле применети ПИ – мерки и биле следени 317 лица. Извештајот во Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на…

Повеќе...

АЦА ЛУКАС:Имам 50 години, а 30 се дрогирам и никој никогаш не ме сликал

Фотографијата на која Аца Лукас лежи на тросед, а на масичката пред него стои бел прав, веднаш стана вирална. Во изјава за српски „Телеграф“, пејачот бесно прашува „Што е тука спорно?“ Што не викнете полиција за високотехнолошки криминал, зошто и како некој ми кради мои приватни фотографии? Секако дека фотографијата е моја. Види, дрога никогаш нема да видите кај мене на фотографија, зошто дрога нема. Нема да се правдам никому, не ме интересира. Што ме нападнавте сите, како ајкула брод? Ме нападнаа за моја приватна фотографија, можам да сликам што…

Повеќе...

ЈАНУШЕВ: Синот на Цветанка Иванова добил тендер над 300 000 евра

Роднините на функционерите на СДСМ и бизнис партнерите на фамилијата Заеви се имаат уклучено на најјако во грабање на државни тендери со огромни суми, рече на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој презетираше, како што вели, крајно сомнителен тендер во кој е вмешан близок роднина на висок функционер на СДСМ. -Се работи за тендерот распишан од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта за Извршување на патни работи во зимски услови, и тоа за територија на подрачјето на Штип за сезоната…

Повеќе...

Укината пресудата од три години затвор за Мијалков и Тачи за Титаник 2

Без потврда на информацијата денеска беше портпаролот на скопска апелација, Сафет Кадриу, дека второстепениот суд ја укина првостепената пресуда против екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи, кои добија по три години затвор во предметот „Титаник 2“, кој се однесуваше за влијание врз одлука на ДИК. Според неофицијални информации, Апелација го враќа предметот на повторно судење поради суштествени повреди на постапката. Според првостепената пресуда, Мијалков беше осуден на казна затвор од три години, Тачи на затвор од 3 години и два месеца, а останатите…

Повеќе...