Синдикат на културата утре на предупредувачки штрајк


Синдикатот на културата на Република Македонија за утре најави еднодневен предупредувачки штрајк во институциите од културата поради непотпишување на Колективен договор за кој преговарале речиси 2 години и за кој, како што велат,  континуирано добивале ветувања од Владата и Министерството за култура дека ќе биде потпишан најпрво до крајот на 2018, а потоа до крајот на 2019 година.

„Вработените во културата се речиси 15 години без социјални права, со огромни разлики во платите и субјективна валоризација на трудот. Ускратени им се правата на додатоци на плата и надоместоци на трошоци поврзани со работатата. Потсетуваме дека нивелацијата беше само преоден чекор кон колективниот договор, кој сам по себе не претставува покачување на платите туку нивно конечно уредување согласно Законот за работните односи. Колективниот договор ќе биде фундамент на социјалните односи и штит на нашите социјални права. Токму тоа го барат вработените во културата кои се целосно маргинализирани, а нивните права секојдневно се газат од државата која согласно Уставот би требало да биде социјална, а не да се однесува како суров капиталист“, пишува во соопштението од Синдикатот.


 

Повеќе