СДСМ им прости на кодошите, сега и ќе ги опари: Владата во заминување продолжува да ја оштетува државата


Тајните соработници на Службата за државна безбедност, кодошите, од партијата на власт добија прошка, а од џебот на граѓаните ќе бидат и финансиски обештетени.

Имено, Владата во заминување продолжува да ја оштетува државата, па ги повикува оние кои беа прогласени за кодоши да поднесат тужба против Република Македонија.

Владата на денешната седница го усвои предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни.

Станува збор за Предлог – закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација.

По сила на овој закон во целост стануваат ништовни сите правни акти, дејствија и мерки донесени односно преземени од Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи.

Оштетените лица од донесени акти и одлуки на Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи или нивните наследници, доколку тие се починати, имаат право на надомест на штета со поднесување на тужба пред надлежен суд против Република Македонија, согласно одредбите од Законот за облигационите односи, во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон, стои во соопштението.

Во врска со оваа владина одлука, се огласи и премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

-Оваа Влада продолжува да исправа неправди! Нарачаните процеси од така наречената лустрација ќе останат само лоша меморија од времето на режимот. На денешната редовна седница го утврдивме текстот на Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, нашиша меѓудругото Заев на својот Фејсбук профил.

КОИ СЕ ЛУСТРИРАНИТЕ?

Комисијата за лустрација има прочешлано илјадници тајни досиеја, а над 200 лица беа прогласени за поранешни соработници. Според законот, на овие лица им е забрането да работат во државни институции, но сега ќе можат да работат каде сакаат и плус да земат пари од државата.

Слободан Угриновски (член на Советот на Град Скопје и лидер на партијата Титови леви сили),

Вангел Гагачев (поранешен судија во Врховниот суд),

Николче Бабовски (кандидат за пратеник во Собранието на РМ),

Сејфедин Харуни (пратеник во Собранието на РМ),

Владимир Милчин (декан на Факултетот за драмски уметности),

Шабан Шеху (советник во Владата на РМ),

Јорданчо Чеврески (член на Советот на МРТ и декан на Факултетот за драмски уметности),

Махи Несими (амбасадор на РМ),

Фаредин Мифтари (заменик-директор на КПУ Затвор Скопје),

Зоран Јовановски (член на Совет на општина Росоман),

Коста Балабанов (член на Совет на Музеј на Македонија).

Трендафил Ивановски (претседател на Уставен суд),

Миленко Габер (поранешен директор на Заводот за вработување Берово),

Ѓорги Прцуловски (поранешен претседател на општина Ресен),

Михаил Андреев (поранешен директор),

Киро Јанчев (поранешен директор),

Бранко Темов (член на УО),

Петар Целакоски (поранешен директор на Дом на култура Битола),

Киро Дојчиновски (поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија),

Стојан Чамински (поранешен секретар во СВР-СК),

Хисен Шаќири (новинар),

Мустафа Спахију (новинар),

Реџеп Златку, кој е лустриран по службена должност.

Љубомир Фишиќ, поранешен советник на републичкиот секретар за внатрешни работи,

Славе Рајовски, кој беше кандидат за советник во Општина Чучер Сандево,

Милован Стефановски, писател како поранешен член на Совет на радиодифузија,

Исак Ајрули, поранешен советник во Општина Боговиње,

Зоран Јовановски, поранешен советник во Општина Росоман,

Фередин Мифтари, заменик директор на Затворот Скопје,

Љубомир Фрчкоски, поранешниот министер за внатрешни работи и за надворешни работи,

Томе Серафимовски, академик и скулптор


КУРИР.МК

Повеќе