На денешен ден пред 77 г. беа убиени Мирче Ацев и Страшо Пинџур од бугарската полиција


За разлика од современиве ликови во нашето општество, кои милуваат конформизам, безидејност, алчност и нечесност, има луѓе во македонското историско помнење, кои го презреле своето лично богатство и живот во корист на татковината. Такви се и народните херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур. Тие на денешен ден пред 77 г. беа убиени од бугарската полиција. Беа членови на Главниот Штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди во Македонија (ГШ на НОПОМ). Веднаш по нивното ликвидирање се огласил ПК на КПЈ за Македонија. Меѓу другото, било истакнато: „Мирче Дончов Ацев и Страхил Пинџуров се мртви. Они не умреа како што умира секои смртен човек, ами беа на најѕверски начин мачени и претепани од Хитлеровите и Борисовите фашисти па после утепани. На колку хиљади чесни Македонци им се дига косата кога ќе го види Мирчета во болничка мртвачница и во Прилеп кога го закопуваа со исечени прсти, со извадени нокти и искинато месо од коските. Македонските мајки, татковци и сестри виделе ногу свој синови и браќа мачени и утепани, но досега вакви ѕверства и нечовечно мачење немаја видено… Кои беа Мирче и Страшо? Два македонски сина, кои вистински го сакаја својот народ и неговата срекја и слобода. Това беја синови на чесни македонски фамили, кои во борбата на македонскиот народ дадова по неколку свои чеда… Мирче и Страшо верно и искрено одеа по патот на македонските апостоли Гоцета и Дамета, и со целиот жар и ентузијазам на своите млади и искрени души се бореа за слободата на македонскиот народ.“
ПК на КПЈ за Македонија, јануари 1943 г. [Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Том втори, Скопје, 1981, 330–331]


Фејсбук статус на Наташа Котлар

Повеќе