Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка кај Струмица

Шеесет и три годишниот В.А. од село Пиперево загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 13:20 часот на локалниот пат за село Добрoшинци, кај местото „Шапкар“, соопштија од СВР Струмица. Во несреќата учествувале автомобил „шкода“ управуван од сега починатиот возач и автомобил „шаран“ управуван од Е.М. од село Градашорци и негов сопатик, кои се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа од СВР Струмица и јавен обвинител.  

Повеќе...

Џафери го стави законот за канабис на седница: Ќе се легализира ли извозот на сув цвет пред да се распушти Собранието?

Статија на 365stepeni.mk Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за 14-ти јануари закажа пленарна седница на која ќе се најде и предлог Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Производителите на канабис за медицински цели веќе со месеци бараат Собранието да го изгласа овој закон за да може индустријата да продолжи да се развива. Четриесетина лиценцирани компании преку Здружението „Макканабис“ вчера го повикаа парламентот што поскоро да го изгласа Законот, бидејќи се соочуваат со финансиски потешкотии што можат да доведат и до отпуштање на голем број од 740 вработени…

Повеќе...

За многу години БАДНИК! Празник посветен на домот, семејството и предците

Се верува дека на Божиќ небото се отвора и во еден момент се пали, но тоа сепак можат да го видат само праведниците. На Божиќ човек може да си посака било што, бидејќи тогаш желбите се остваруваат.- Бадник не е само последниот ден од големите пости, туку и трепет исполнет со очекување да се роди Божјиот Син. Бадник е и еден од најважните семејни празници. Тој е посветен на домот, огништето, но и на предците-роднини кои си заминале, кои исто така се сметаат за дел од семејството. По старата традиција,…

Повеќе...

ЧАВКОВ – Ќе дојде денот кога ќе има кривична одговорност, ќе дојде денот кога учесниците во политичиот судски прогон,нема да можат да се кријат зад “СЛОБОДНОТО СУДИСКО УВЕРУВАЊЕ”!!!

За политичкиот прогон, за понижувањата, за тортурата, за тоа што неосновано не прогласија за ДРЖАВНИ НЕПРИЈАТЕЛИ, за тоа што не разделија од саканите, ќе дојде денот кога ќе има кривична одговорност, ќе дојде денот кога учесниците во политичиот судски прогон,нема да можат да се кријат зад “СЛОБОДНОТО СУДИСКО УВЕРУВАЊЕ”!!! Но, не ви успеа да не понижите, единствено во што успеавте е да си го покажете вистинското лице, онаа на вашите предци кои НАЦИОНАЛНОТО го третираа НЕПРИЈАТЕЛСКО! ФБ статус на Митко Чавков  

Повеќе...