Што добивме или што изгубивме со промената на името

Една година откако Република Македонија стана Република Северна Македонија Што се промени суштински во државата по промената на името, дали денес македонските граѓани се чувствуваат посреќни, поевропски и погорди или, можеби, некои од нив чувствуваат срам и горчина од целата оваа ситуација. За овие прашања побаравме мислење од видни интелектуалци, професори, но и од претставниците на различните етнички заедници во државата Денеска навршува една година откако државата го смени своето уставно име Република Македонија и беше преименувана во Република Северна Македонија, по барање од Грција и долгогодишните уцени, блокади и…

Повеќе...

Ракометарите ја избришаа Северна од Македонија!

Македонските ракометари ја избришаа додавката Северна која стоеше пред Македонија на автоусот со кој се возат на Европското првенство (ЕП) во Австрија кое почна вчера. Претходно тоа го стори македонскиот голман Борко Ристовски кога на подготовките во Словенија ја покри Северна пред името на нашата држава. На автобусот кој што им е даден на користење на избраниците на селекторот Данило Брестовац, пишува Macedonia, името кое го налага и ЕХФ, но ракометарите се сетија да ја покријат North ставајќи македонско знаме токму над додавката. Сега на автобусот си пишува само Team Macedonia, како…

Повеќе...

Алфа ексклузивно: Кривична пријава против Јанева и целото СЈО поради солените хонорари

Дали покрај Катица Јанева и другите обвинители од СЈО, ќе завршат како обвинети во судските клупи? Група граѓани бараат Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, да испита како биле исплатувани енормните хонорари, кои покрај платата ги добиваа сите вработени во Обвинителството на Јанева. Ова се бара во кривичната пријава до која дојде Алфа, а покрај шефицата опфатени е и целиот состав СЈО. -Покрај платите по систематизација вовеле и систем за награди на сите обвинители почнувајќи од првопријавената, а заради чување на информациите до кои доаѓале извршувајќи службена задача и…

Повеќе...

Дали ќе пропеат персиските мачки?

Започнаа подготовките за првата северџанистанска НАТО-офанзива на некогашна Персија. На плоштадот ќе се палат персиски килими купени во комуњарски времиња. „Анима мунди“ стравува за персиските мачки, откако Управата за државна безбедност почна да ги повикува на распит. Секоја Перса во државата трча по шалтери за да си промени име… Ќе ве замолам, ако може да не падавичарите! И да не се вознемирувате толку. Каков антисемитизам, каков нацизам? Пролупани комуњари тресат зелени, тоа е вистинската дијагноза. Плус, половина од оние што им лајкаат фејсбук-статуси, сигурно мислат дека Давидова ѕвезда е талент-шоу.…

Повеќе...

Документи и нови детали за криминалот со штипската болница

Скандалот со корупција при изградбата на Клиничката болница во Штип до крајност ја отсликува политиката на оваа влада која, во секоја прилика, и тоа без задршка и обид за барем формално покривање со закон, применува корупција секаде каде што има поголем проток на пари. А, за изградбата на Клиничката болница во Штип предвидени беа 30 милиони евра што е проток на пари кој луѓето од власта ги довел во големо искушение. Пред се министерот за здравство Венко Филипче, министрите за финансии од СДСМ Драган Тевдовски и сегашната министерка Нина Ангеловска…

Повеќе...