Јанко Бачев: “Се заветувам пред Природата, Господ, Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија дека нема да отстапам од оваа определба. На потег е народот.”

Статус на ЈАНКО БАЧЕВ   Многумина ме прашуваат како ќе ја оствариме точката десет од нашата Платформа која се однесува на одземање на украдените околу 15 милијарди евра во приватизацијата и постприватизацијата во изминатите 30 години. Еве го планот во пет чекори: ЧЕКОР ПРВИ: Новата легална власт на Единствена Македонија по изборите склучува договор за стратешко партнерство со Русија; ЧЕКОР ВТОРИ: Организирање поучна екскурзија во затворот „Идризово“, со цел, олигарсите од кои треба да се одземе украденото да се запознаат со затворските услови за живот; ЧЕКОР ТРЕТИ: Транзициските бандити добиваат…

Повеќе...

Производителите на марихуана СЕ ЗАКАНИЈА ДЕКА ЌЕ ЈА ИСТУРЕЛЕ СРЕДЕ СКОПЈЕ ако не се донесе законот

Проиводителите на марихуана ќе ја истурале среде центар на Скопје?!Така барем утрото најави еден од производителите на истата. Со овој закон, кој опозицијата, поради неговата специфичност и задирањето во мнногу други сфери, сака да се доточни и прециира пред да се донесе, а за кој власта со сета сила притиска да се донесе, се регулирал и конопот, се регулирале многу други дејствија кои му давале на министерот овластување да ги донесе и другите подзаконски акти кои биле „есенцијално“ битни за да се видел бенефитот од оваа индустрија, тврди Костадин Дуковски…

Повеќе...

„Медена земја“ номиниран за два „оскара“

Mакедонскиот документарец „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов влезе во изборот за номинација за „оскар“ во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Во категоријата најдобар документарец, покрај „Медена земја“, избрани се уште четири филма: „Американска фабрика“, „Пештерата“, „Работ на демократијата“ и „За Сама“. Во категоријата најдобар странски филм во изборот влегоа: „Медена земја“, „Корпус кристи“, „Клетници“, „Болка и слава“ и „Паразит“. Американската филмска академија го објави потесниот избор филмови во 9 категории.  

Повеќе...

Загина 21-годишно момче од Ново Коњарево во сообраќајка кај Смоларска крстосница

Синоќа половина час по полноќ, на магистралниот пат Ново Село – Смоларска крстосница, на излез од Ново Село, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Форд Мондео“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Д. (24) од село Рич, струмичко и патничко возило „Мерцедес Бенз“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ч. (23) од Ново Коњарево, струмичко – информираше портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска. Од здобиените повреди, во незгодата починал сопатникот во возилото „Мерцедес Бенз“, И.И. (21) од село Ново Коњарево, а со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Форд Мондео“, Д.Д.…

Повеќе...