Загина 21-годишно момче од Ново Коњарево во сообраќајка кај Смоларска крстосница


Синоќа половина час по полноќ, на магистралниот пат Ново Село – Смоларска крстосница, на излез од Ново Село, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Форд Мондео“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Д. (24) од село Рич, струмичко и патничко возило „Мерцедес Бенз“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ч. (23) од Ново Коњарево, струмичко – информираше портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Од здобиените повреди, во незгодата починал сопатникот во возилото „Мерцедес Бенз“, И.И. (21) од село Ново Коњарево, а со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Форд Мондео“, Д.Д. и сопатникот во истото возило И.С. (19) од село Рич, додека со телесни повреди се здобил В.Ч., по што биле пренесени во болницата во Струмица за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на Полициската станица Струмица. Сообраќајот бил во прекин и пренасочен по локалните патишта од 00:45 до 04:00 часот.


СтрумицаНет

Повеќе