За вербални закани: Тричко недопирлив, Тони суден, Емил притворен.

Емил Јакимовски доби осумдневен притвор  Судија на претходна постапка попладневно му одреди осумдневен притвор на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар. – Осумдневниот притвор му е одреден затоа што станува збор за скратена постапка, а исполнети се условите за опасност од бегство, бидејќи станува збор за дела против јавниот ред и моралот – информираат од Кривичниот суд. Јакимовски на ова има право на жалба до кривичниот совет на истиот суд. Обвинителството утринава поведе постапка за загрозување на сигурноста при семејно насилство и по пат на информатички систем како и…

Повеќе...

Земјоделци незадоволни од институциите, само Трипуновски ги слушнал нивните проблеми

Како и низ цела Македонија, така и во Делчево, земјоделците си имаат големи маки. Не се задоволни од власта, но веруваат дека нешто ќе направи во нивна корист Цветан Трипуновски. -Единствен кој дојде да ги слушне проблемите на земјоделците е Цветан Трипуновски и него ние го поддржуваме, рече еден земјоделец. -Најголем проблем имам со струјата. Секој се фали, велеа ќе бидеме обесштетени. Еден денар немам земено од државата. Три години се мачам по институциите. Ме игнорираат и само ни закачуваат давачки. Во дваесет и први век да немаш струја, тоа…

Повеќе...

ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Корупција од 12,7 милиони евра при НАБАВКА НА ПАСОШИ

Откако на 20 октомври, по лидерската средба кај претседателот Пендаровски, се договорија вонредни парламентарни избори започнува стампедо од корупција, тендери, договори во четири очи без тендери, зголемување на износи кои се претходно веќе договорени на тендер… во владата на Зоран Заев. Вакви има повеќе од педесеттина на разлини нивоа од власта, сетете се како во октомври е избрана фирма ХЕМС која ќе заработи 72 милиони евра државни пари бидејќи ќе дава услуга со два хеликоптери, основана 24 дена пред тендерот со капитал на фирмата од 10.000 евра која заработува 72…

Повеќе...

Заев: Верувам дека ќе има двотретинско мнозинство за Законот за ЈО

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска од Охрид изрази очекување дека до 12 идниот месец Парламентот ќе ги донесе сите неопходни законски решенија, меѓу кои и законот за јавното обвинителство за кој е неопходно двотретинско мнозинство. – Тоа е комплексен закон што и е потребен на земјата во европските интеграции. Тука сум на располагање да разговарам со сите за да изнајдемем решение. Сега сме растеретени затоа што предметите од СЈО се обезбедени, се во судска постапка под контрола на државниот јавен обвинител. Вака растеретени можеме во Парламентот да договориме структурно,…

Повеќе...

(ВИДЕО) Муцунски за ставот на ВМРО-ДПМНЕ кон договорите со Грција и Бугарија: Граѓаните да бидат спокојни за надворешната политика

Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за договорите со Бугарија и со Грција и што би правела неговата партијата доколку дојде на власт во врска со нивното спроведување, со оглед на тоа што за договорот се и сестрински партии, како партијата на германската канцеларка Меркел. „Можеме да се согласиме дека не се согласуваме и тоа е природно во една демократија, но и меѓу две сестрински партии. Тоа е договор којшто удира на моето право на самоопределување. Промена на уставното име на мојата…

Повеќе...