(ВИДЕО) Муцунски за ставот на ВМРО-ДПМНЕ кон договорите со Грција и Бугарија: Граѓаните да бидат спокојни за надворешната политика


Секретарот за меѓународна

соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за договорите со Бугарија и со Грција и што би правела неговата партијата доколку дојде на власт во врска со нивното спроведување, со оглед на тоа што за договорот се и сестрински партии, како партијата на германската канцеларка Меркел.

„Можеме да се согласиме дека не се согласуваме и тоа е природно во една демократија, но и меѓу две сестрински партии. Тоа е договор којшто удира на моето право на самоопределување. Промена на уставното име на мојата земја не е прогресивен и не води напред. Негативните импликации ќе ги чувствуваме во годините што доаѓаат, но кога се однесува на европскиот пат, задачата којашто ја имаме е да создаваме трансформативни промени во нашето општество“,

рече Муцунски.

Тој вели дека потребни се реформи во администрацијата, правосудството и други области.

Во однос на опасноста ваквите ставови на ВМРО-ДПМНЕ да доведат до ново вето од држави како Грција и Бугарија доколку партијата ја преземе власта на изборите, Муцунски вели дека има начин на којшто може да се води добрососедска политика базирана на вредносен систем којшто гледа напред, а не кон, како што вели, отворање дополнителни проблеми и повреда на националните чувства.

„Граѓаните треба да бидат спокојни и да знаат дека надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана на решавање на стратешките цели поврзани со евроатланската интеграција и ќе работи силно, не само со своите соседи, туку со севкупната глобална заедница, за да донесе напредок во нашата земја“,

рече Муцунски.

Тој не одговори директно за натамошно спроведување на договорот и рече дека клучни се внатрешните реформи.

360stepeni.mk


 

Повеќе