Земјоделци незадоволни од институциите, само Трипуновски ги слушнал нивните проблеми


Како и низ цела Македонија, така и во Делчево, земјоделците си имаат големи маки.

Не се задоволни од власта, но веруваат дека нешто ќе направи во нивна корист Цветан Трипуновски.

-Единствен кој дојде да ги слушне проблемите на земјоделците е Цветан Трипуновски и него ние го поддржуваме, рече еден земјоделец.

-Најголем проблем имам со струјата. Секој се фали, велеа ќе бидеме обесштетени. Еден денар немам земено од државата. Три години се мачам по институциите. Ме игнорираат и само ни закачуваат давачки. Во дваесет и први век да немаш струја, тоа е катастрофа невидена. Имам 120-130 говеда, не можам да функционирам. Од институциите не сум задоволен, истакнува друг.


 

Повеќе