Праисториска Македонија


Не е познато од кога точно постои Македонија и кои биле нејзините
први владетели. Конвенционалната историјата го датира раѓањето на
градот Еге (Aegae) и на Аргеадската македонска кралска династија околу
почетокот на VII век пред Христа, со Пердика I како нејзин прв
владетел.
Сепак, постојат докази што лоцираат мала група луѓе кои себеси се
идентификувале како Македонци уште во X век пред Христа. Овие луѓе
живееле во регионот меѓу денешниот Костур и Лерин, чиј центар се
наоѓал во денешото место Рупишча, исто така наречено Аргос
Орестикон од класичните историчари.
Сегашната теорија е дека праисториските Македонци потекнуваат од
мешавина на луѓе од племињата на Пелазгите, Илирите, Тракијците и
Фригијците, кои живееле во тој регион околу почетокот на првиот
милениум пред Христа.
Се чини дека времето околу илјада години пред Христа бил клучен
период во развојот на првото македонско кралство. Додека сè уште било
во племенска фаза, ова мало македонско кралство од тогаш почнало да
здобива воена сила и да врши политичко влијание во регионот.
Легендата вели дека првиот владетел кој ја воспоставил Аргеадската
кралска династија во Рупишча бил кралот Каран (Caranus) кој, се верува,
дека е првиот крал кој владеел со македонското кралство од околу 808
до 778 година пред Христа.
Како што Фригијските племиња започнале да ја напуштаа западна
Македонија и да се повлекуваат во Анадолија, така зад нив останувал
вакуум што со времето бил пополнуван од страна на Македонците кои
полека напредувале кон исток и ги заземале напуштените плодни
земјишта. На македонскиот народ му требало околу еден век да мигрира
кон исток, но до IX век пред Христа, направиле нивното присуство да се
чувствува во Централна Македонија.
Со текот на годините, како што македонското кралство се ширело,
така неговото центар се преселил во Еге, во близина на денешниот
Воден.
Знаеме од Херодот дека Пердика и неговите браќа го преселиле
македонскиот центар, но никаков податок не е даден. „Херодот (8.183)
пишува дека ,[Пердика] отишол во друг дел од Македонија и се населил
во близина на градините именувани по Мида, синот на Гордиј … над
градината се извишува планината наречена Бермион, неосвоива зимно
време’.” (Стр. 65, Јуџин Борза, Во сенката на Олимп, појавата на
Македон/ Eugene Borza, In the Shadow of Olympus The Emergence of
Macedon/).
Градот Ега е основан во близина на Воден, во текот на VII век пред
Христа и станал втора македонскиот главен град. Хамонд проценува дека Пердика дошол на престолот во 650 година пред Христа. (Страна
11, Хамонд, Чудото Македонија/ Hammond, The Miracle that was
Macedonia)
Херодот продолжува: „Од Пердика, за кого зборуваме тука,
Александар води корени на следниов начин: Александар бил син на
Аминта; Аминта на Алкест/Alcetas/; татко на Алкест бил
Аероп/Aeropus/; на Аероп, Филип; на Филип, Аргеј/Argaeus/; на Аргеј,
Пердика, првиот суверен.“ Со други зборови, познатите кралеви на
Македонија пред времето на Херодот владееле како што следува: Каран,
Коин, Киримас Пердика I, Аргеј, Филип I, Аероп I, Алкест, Аминта I и Александар 1.


Извор: Многу кратка историја на
македонскиот народ
од праисторијата до денес

Ристо Стефов

Повеќе