АЛЧНОСТА ве направи НЕБИТНИ!


Па дали сте вие нормални и до толку незаситни бандити?!

За Живот – Но за кого бре?

За да дадеш тендер некому за чистење снег а притоа да нема снег а да му исплатиш ни повеќе ни помалку 1 милион евра е брутална пљачка и ништо друго.

Филмови на друг да правите…важи?

Ќе си лежите и тоа многу за секој украден денар пресметан по средна дневница во Македонија а не како што досега милувавте да си правите ако се најдете во тесно за 50 милиони евра да си одлежите ептен ко нема како веќе по некоја 1-2 години .

По таквата математика за 1милион евра има да си лежите најмалку 15 години ,доста беше за милиони да одлежите по 6 месеци и тоа куќен притвор без надзор.

За таква обнова ако зборуваме тогаш и да ја кажете јасно и гласно ,се друго би било договор помеѓу двете најголеми партии (екс најголеми оти веќе тоа нема да бидат доколку не се вети таков пристап) .

Овој народ го опљачкавте до гола кожа а бидејки и тоа не ви стига им дадовте на оние кој останаа млади деца  апарати за коцкање на секој чекор а притоа ги заглавивте и со т.н „брзи кредити„ одобрени преку едно ало додека играат на апаратитите кој ги набавивте ни повеќе ни помалку државата за 14 милиони евра повторно тендер во кој некој ем дебело профитира ем ќе ги цади парите на граѓаните и татковците на оние исти млади деца кој од сабајле до вечер рмбаат за 400 евра месечно тие кој имаат поголема среќа да ја земат таа плата.

Очајна е ситуацијата во Македонија и смислено перење пари преку давање на лихварски заеми од т.н штедилници кој дават без никаков проблем до 80 000 ден. само со едно ало,но со камати и до 2.5 пати поголеми од основицата за неколку месеци – Каде така бре незаситни некој?!

Ќе речете дека никој насила не ве тера да се коцкате и да барате потоа брзи кредити по ало систем да се „вадите„ така?

Затоа си одат сите ,не само младите ,дали се разбираме ,си одат и оние кој цел живот биле на позиции во државни институции зимајки и по 50 000 илјади денари плата ,ДА и тие се на списокот да си заминат затоа што не гледат перспектива во догледно време дека ова нешто ќе се промени ,дека ова пљачка невидена ќе престане ….Каде ќе ви оди душата багро некоја невидена ,не сте нормални,зарем не се плашите од бога? Зарем не стравувате дека сетои оа еден ден ќе ви се врати како бумеранг на вашите најмили?

Да се надоврзам за чистењето на снегот кој не падна ова година а се наплати 1 милион евра – Зарем со 1 милион евра не може да се зема механизација која засекогаш ќе остане во сопственост на градот Скопје конкретно па нека бидат и 5 милиони евра за да се набави комплет механизација за таа прилика засекогаш да биде во посед на општините која по потреба ќе се дава и на другите општини за таа намена?

Но НЕ,вам не ви одговара така да работите оти сте незаситни и алчни до таа мера што не постојат доволно силни зборови за да ви го опишат вашиот помрачен ум и алчен дух за да украдете што е можно уште повеќе….Страотно невидена ПЉАЧКА досега.

Вакво нешто нема ниту во најкорумпираните држави – НЕМА!!!

За името продадено можеме само да нагаѓаме колку е украдено на грбот на овој напатен народ притоа ветувајки му дека за иднината на нашите деца била таа отстапка?

НЕ, иднината на нашите деца е -робови на оние кој сега испљачкаа се и си ги присвоија сите бизниси и фабрики и се што значи монопол во секоја област,дали е тоа тобако мафија,дали е вода мафија,алкохол мафија,дрога мафија,автомобилска мафија,зелена мафија,градежна мафија и политичка мафија.

Сликата е страотна и безнадежна за нормален и чесен народ кој очекува сеуште од истите тие кој ги кради и пљачка дека нешто ќе сменеле -Да ,сменија и подобрија за пензионерите по 36 денара повисока пензија ДА ДА ДА! Тоа го направија за нив а за другите ги вовлекоа во долгови каде цел живот ќе бидат приморани да стравуваат доколку останат овде за да си ги исплаќаат кредитите со ненормални камати.

Ниту господ веќе неможе да ни помогне ,не постои надеж ,НАДЕЖТА им ја убивте на лугето па очекувате и да ве гласа некој? Навистина не сте нормални!

Затварате луге ако напишале некој текст на ФБ ,се заканувале наводно без да се видат ,без да се знаат ,без да имат контакт и сл. Наспроти докажани криминали од повеке стотици илјади евра ,милиони евра на кој процесот им се враќа од почеток и од почеток се дури не застари делото и на нив повторно им земате 50-50 за тоа така да заврши.

Мислите дека тоа обичниот народ не го гледа што правите?

Го пробивте дното ,ги преминавте сите граници , ги убивате во поим сите идни генерации со вашите незаситни апетити …Боже,боже до каде може да одите?!

Ова игра на мачка и глушец се одигра до сега на најбезобразен начин ,но да ви дадеме идеја да украдете и тоа што остана ако сакате ? Да ви ги отвориме очите за тоа што остана да украдете ако сакате и оа да го уништите?

Ете украдете го светот и земете си го со вас во „другиот свет„ кога ќе заминете од овој,само дали ќе можете да го соберете во 2 метра под земјата е прашање…И дали сте размислиле колку е сумата која ќе ве задоволи вас,вашите фамилии и роднини ,за конечно да ни оставите барем нешто за да може и ние обичните смртници да преживееме ,оти на нас ни е дадено да преживееме а вам да живеете и во другиот свет,ама нема кој да ви пренесе од оној свет таму дали ќе има вредност сето тоа што од овој свет ќе го земате за таму?!

Пополека бре ,полека -Кај одите ?

81 глас ЗА! Да ве снема ,сами си изгласавте за самите да се самоуништите-и замислете повторно ние ќе преживееме а вие ќе живеете но кој колку….Е за тоа бог ќе даде одговор.

Овој текст е хаотичен за оние кој бараат правопис и начин на пишување по редослед за нештата…но е кристално јасен и разбирлив за оние кој го живеат секојдневието на најтежок можен начин од таквите како вас, кој не можете да видите ништо повеќе од својот нос и мислите дека сте чекор пред сите и дека сте паметни оти го правите тоа на начин на кој го правите а не може да разберете дека ВИЕ сте само обични крадци кој незнаат ништо друго освен да крадат и пљачкосуват и живеат како паразити на нечие тело а заборавате дека цицајки го и јадејки го телото како паразити ке останете без тело на кое ќе можете во иднина да паразитирате и ќе умрете без тоа тело поради вашата алчност,но за тоа треба да имаш и очи и уши за да видиш и чуеш и да се промениш.

ВИЕ сте УЖАСОТ на денешницата која ќе го уништи светот!

Самите ќе си ја сечете гранката на која седите и ќе треснете ЈАКО,ама толку ви сечи!

Затоа кога ќе дојде НОВОТО ВРЕМЕ без материјални вредности ќе бидете изгубени и небитни ,дувнати од ветерот на промените кој веќе наидуваат насекаде.

Толку на темата за вас -бидејки сте НЕБИТНИ за понатамошна анализа и толкување.


#ХашТаг

 

Повеќе