Струмичката полиција трага по „манијак“ кој нападнал девојка

Струмичката полиција трага по „манијак“ кој нападнал девојка   СВР Струмица информира дека вчера околу 18:45 часот во близина на спортската сала „Партизан“ во Струмица, непознато лице се приближил на 24-годишна девојка и почнало да ја допира по телото, по што побегнало. Во 22:45 часот, полициски службеници од Струмичката полиција на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица го препознале лицето и при обид да го лишат од слобода, тој физички нападнал еден од полициските службеници и побегнал. СВР Струмица презема мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.  

Повеќе...

За Словените

Велат душманите те освоиле тогаш кога започнуваш да размислуваш со нивните мисли и за идеологијата да ја имаш нивната интерпре тација. Па доста е! Надминуваме една поделба според која еден ист народ, македонскиот, е дојден од некаде иаку е на своето… Кога сме кај термините, да разграничиме и ова: постојат наши домашни термини и туѓи термини. Нашите термини се Словото, Словените, Славјаните… како што наши термини се Македонци, Македонија; туѓи термини се Sclave, Sclavinia со значение на роб и административна област, Enclave по денешното, исто како што се туѓи термините Фиром,…

Повеќе...

Скандал од 60 милиони евра: Власта ги поткупува земјоделците со нивни пари

Цветан Трипуновски заменик министерот за земјоделство шумарство и водостопанство од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, денеска го обвини СДСМ дека прави поткуп на земјоделците со нивни пари, кои досега не им ги исплаќаше. Според него, ова ја фрла најтемната дамка на изборите и претставува брутална навреда на честа и достоинството на работните земјоделци. СДСМ преку Трајан Димковски сака да ги поткупи земјоделците со 60 милиони евра, со пари на земјоделците кои ги следуваат согласно закон, а не им биле исплатени изминативе три години. Алармиравме и посочувавме дека има дупка…

Повеќе...

Синдикат на Клинички: ВЛАСТА СЕ МЕША ВО СИНДИКАЛНОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ

Синдикатот на Клиничкиот центар преку писмено соопштение категорично се спротивставува на иницијативата за формирање Синдикат на УКИМ затоа што потекнува од министерот за образование, а се спроведува преку другите работодавци, што претставува директно мешање на власта во синдикалното организирање. Во воведот на документот во прилог на соопштението насловено „Основање на синдикат на вработените на УКИМ“ се укажува дека на состанокот од страна на министерот за образование и наука со ректорите и генералните секретари на јавните универзитети во Македонија на присутните им било кажано дека поради планираното зголемување на платите на…

Повеќе...