Струмичката полиција трага по „манијак“ кој нападнал девојка


Струмичката полиција трага по „манијак“ кој нападнал девојка

 

СВР Струмица информира дека вчера околу 18:45 часот во близина на спортската сала „Партизан“ во Струмица, непознато лице се приближил на 24-годишна девојка и почнало да ја допира по телото, по што побегнало.

Во 22:45 часот, полициски службеници од Струмичката полиција на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица го препознале лицето и при обид да го лишат од слобода, тој физички нападнал еден од полициските службеници и побегнал.

СВР Струмица презема мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.


 

Повеќе