Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на клиниката во Скопје


СВР Струмица информира дека вчера околу 08:00 часот на местото викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, од ловџиска пушка бил погоден 64-годишен маж од Струмица, кој со тешки телесни повреди е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Струмичанецот Н.Н. додека бил на лов заедно со други лица, вчера бил погоден од ловен патрон во пределот на градите при што се здобил со тешки телесни повреди.

Според СВР Струмица, патронот бил испукан од 69-годишно лице, кој заедно со повредениот биле на лов.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.


 

Повеќе