СЗО прогласи вонредна состојба на глобално ниво поради коронавирусот

ветската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека коронавирусот кој се појави во кинескиот град Вухан претставува вонредна ситуација на глобално ниво и прогласи вонредна состојба на меѓународно ниво откако бројот на случаи на заболени со коронавирусот за една недела се зголеми за повеќе од десет пати. СЗО соопшти дека глобалната итна ситуација претставува „вонреден случај“, што значи дека претставува ризик за другите земји и оти е неопходен координиран меѓународен одговор. Одлуката, исто така, на земјите им наметнува построги критериуми во пријавување на случаи на заразата. Генералниот директор на СЗО, Тедрос…

Повеќе...

Амбасадорката на САД, Брнз: Корупцијата е главна пречка за напредок на земјава

Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мари Брнз гостуваше во вестите на Сител каде во интервју, меѓу другото подвлече дека корупцијата е главна пречка за напредок на земјава. Кога зборувате со луѓето низ земјава јасно е дека корупцијата предизвикува огромна загриженост. И борбата со корупцијаа е толку клучна затоа што е број еден препрека за позитивната иднина на оваа земја, за нејзиниот развој, за се што се надева да постигне. Мислам дека е многу важно да се препознае дека независно дали се работи за корупција на високо ниво во форма…

Повеќе...

ОСМАНИ: Нема враќање, договорите со Грција и Бугарија и законот за албански јазик се завршена работа

Грција имаше многу позитивен став на Самитот на ЕУ во октомври, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Осамни за грчкиот весник „Катимерини“. – Го потенцирам ова, бидејќи вашата земја ја претставуваше новата Влада и сите се плашевме дека ќе има поразличен пристап. Но, ни понуди целосна поддршка за почеток на преговори, нагласува Османи. Како што јави дописничката на МИА од Атина, вицепремиерот истакнува дека негативниот став на ЕУ во октомври предизвикал „шок и нервоза“ во земјата, додавајќи дека со решавањето на спорот со името очекувањата биле дека ќе се види…

Повеќе...

Власта стравува од нов неуспех за преговорите пред 12 април

Дали евентуална нова блокада за старт на преговорите на Советот во март, наместо логично да се толкува како неуспех на Владата, СДСМ ќе ја сврти во своја полза водејќи ја предизборната кампања со ветување за нова шанса на Самитот во мај во Загреб? Ваква дилема фрла последната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој вели не сакал да се врзува со рокови оти еднаш веќе се изгорел во прогнозите. “Јас би бил внимателен на ова прашање, не би сакал да предизвикам никакво разочарување. На нас ни е најавено дека…

Повеќе...