По бруталниот говор на омраза МВР најавува кривична за Тричковски, Обвинителството на потег


Министерството за внатрешни работи се огласи по бруталниот говор на омраза на новинарот и колумнист Бранко Тричковски.

-При следење на интернет содржини со цел утврдување и документирање содржини со говор на омраза, од страна на Секторот за компјутерски криминал утврден е профил со име Б.Т., кој на 06.02.2020 во 16.05 часот го објавил следниот текст: „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи“, информираат од МВР.

Од Министерството додаваат дека случајот е документиран и доставено е известување до Основното Јавно Обвинителство Скопје со цел нивно запознавање со предметот и воедно издавање барање адресирано до компанијата Facebook Inc да достави кориснички податоци за профилот.

-По добивање на потребните податоци ќе бидат преземени соодветните мерки и активности со цел утврдување на сторителот на кривичното дело по член 394-г – „Ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем“ и член 319 – „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“,  предвидени во Кривичниот закон, нагласуваат од МВР.

За потсетување, Тричковски испраќа вакви јавни закани директно од своите колумни и ФБ статуси и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и до екс претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, а на ОЈО му требаше многу долго време само за да почне да го разгледува случајот.

По кусото разгледување, ОЈО Скопје тогаш експресно го ослободи Тричковски и образложи: „По проучување на сите елементи, јавниот обвинител оцени дека пријавените дела не се дела за кои се гони по службена должност, односно дека во пријавените предметни настани не се содржани суштествените обележја на пријавените кривични дела.“

Јавноста остана во прашалници, затоа што неговите статуси и колумни им беа познати на сите, а описот на ОЈО не одговараше со содржината. Тогаш природно се наметна прашањето, дали ОЈО читале некои други статуси на Тричковски?

За потсетување, еве што невиниот, според ОЈО, Тричковски напиша: „А да го киднапираме Мицкоски и да му ги извадите сите партиски органи?“

За поранешниот претседател  Иванов, статусот на Тричковски беше уште подиректен и крајно некрофилски настроен: „Луѓето имаат природно право да се качат на Водно и да го обесат на првиот лустер. Да го наденат на некое александриско копје и да го фиксираат во мозаикот на Чемерски. Покрај глупавите здрвености на неговите гардисти. Да го мумифицираат во позата на Лудакот од Паљурци. Да го наредат покрај некоја тараба како мало смешно Чаусешче и да го стрелаат. Без Маја. Молам. Тој е вмро-дпмне, вмро-дпмне е тој“-

За Гордана Јанкуловска, пак, Тричковски напиша: „Од аспект на бебето, нема разлика дали злосторничката го носи во утробата или ќе го фрли во контејнер…“

Професионалниот новинар не го штедеше ни екс премиерот Никола Груевски, ниту колегата Александар Чомовски: „Најдобро би било да се убие во Топ-тема кај Чом. Ако во истата одвратност успеее да стане и да го убие и водителот, ќе може да смета дека се рехабилитирал за половина од злото што и го има направено на Македонија!…“


 

Повеќе