СМК- НИКОЛА ДИМИТРОВ И МАРИОНЕТСКАТА ВЛАДА ЈА ДОВЕДУВААТ ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА ВО ПОЛОЖБА НА ПОТЧИНЕТОСТ И ЗАВИСНОСТ СПРЕМА ГРЦИЈА, ТОА ПРЕТСТАВУВА КРИВИЧНО ДЕЛО!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

НИКОЛА ДИМИТРОВ И МАРИОНЕТСКАТА ВЛАДА ЈА ДОВЕДУВААТ ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА ВО ПОЛОЖБА НА ПОТЧИНЕТОСТ И ЗАВИСНОСТ СПРЕМА ГРЦИЈА, ТОА ПРЕТСТАВУВА КРИВИЧНО ДЕЛО!

9 февруари 2020 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација го отфрла обвинувањето на министерот за надворешни работи Никола Димитров упатено на адреса на министерката Рашела Мизрахи, поради тоа што ја вратила официјалната табла на Министерството за труд и социјална политика со името на државата Македонија, а ја отстранила неофицијалната табла на која е напишано името на државата со префиксот “северна“, иако тоа претставува изолиран случај а не генерална партиска определба.

И покрај вербалната нота од Грција на 7 јануари 2020 година за доследно и постојано почитување на Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, СМК укажува дека името на државата Македонија не претставува грубо прекршување на Договорот од Преспа, затоа што тој е ништовен, не е склучен во согласност со Уставот и не е дел од внатрешниот правен поредок на државата Македонија!

СМК предупредува дека употребата на префиксот “северна“ во името на државата Македонија и спроведувањето на Спогодбата Димитров-Коѕиас претставува најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ И злосторство против човештвото кое не застарува казниво со доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на членовите на семејството дома и во светот. Употребата на префиксот “северна“ во името на државата претставува кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување!

СМК го отфрла барањето на министерот за надворешни работи Никола Димитров до премиерот Оливер Спасовски да предложи разрешување на министерката Рашела Мизрахи до Собранието како неосновано и недопуштено.

СМК ги охрабрува избраните и именуваните функционери и државните и јавните службеници за употребата на државното име Македонија во секое време, пред секого и во секоја прилика!

СМК потсетува дека штетите предизвикани во буџетот поради насилството врз системот и народот од марионетската влада за примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас ќе бидат наплатени со камата.

СМК предупредува дека Спогодбата Димитров-Коѕиас ја доведува државата Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Грција. Според членот 308 од Кривичниот законик, “Граѓанин кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години”! Озаконувањето на оваа спогодба создава правни последици што се основа за кривично дело!

СМК очекува политичките партии кои ќе учествуваат на престојните парламентарни избори во своите програми за приоритетно да го имаат раскинувањето на Спогодбата Димитров-Коѕиас и продолжувањето на членството во Организацијата на Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под историското и државно име Македонија!

Пишува: Тодор Петров

🇲🇰🇲🇰🇲🇰В.М. 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Повеќе