САШО ПАНГОВСКИ – МАНУЕЛНИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ…..

МАНУЕЛНИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ…..

Ова е статус, потенцијална колумна кој(а) ја пишувам со длабока болка во срцето и искрена емпатија кон моите сонародници на кои им е згазен духот толку да се тотално предадени на дигиталната верзија на животот, социјалните мрежи.
Тука, тие скршени срца, духови, се обидуваат да најдат љубов и надеж, работи кои ги има само во реалниот живот, надвор од дигиталната комоција.

Човек сум кој не поминал лесно во животот. Сум имал свои победи и порази, тешки траорни моменти, дете во кома, тешки физички повреди кои оставиле траг врз моето тело, сум бил долу, во калта, сум земал 10 денари за ѓеврек од касичката на моето дете зошто неговото лечење чинело 3 мои плати. Го знам животот, го поминав на улица, вистински, меѓу вас. Сум ги имал сите ваши проблеми и еден тон други. И еве сум. Жив и подготвен да се борам, со лузните како ордени.
Да расчистиме, не сум светец.
Сум грешел, грешам и ќе грешам, но за правдата ќе се борам до последно. Секогаш сум на страната на послабиот, оној помалку моќниот кој не може да се одбрани себеси.
Сум издржал многу навреди, многу напади, и сум возвраќал соодветно на сите, но сите напади биле од посилни, помоќни од мене. Сум слегувал во калта и сум се борел, со платенички комуњари, со распрдени штапци без ден работа во животот, со функционери, амбасадори и чиновници, со служби, тужби и клевети.
Ако.
Така се челичи човек.
Но најтешка ми е борбата за отварање очи на луѓето кои ја имаат истата цел како јас, #Македонија слободна, независна, просперитетна, со своја историја, традиција, обичаи, рамноправна членка на семејството на народите.
Но јас сум реален човек. Знам дека тоа нема да се случи ниту ако гласам за вмро-дпмне, а тие што гласаат за сдс ги сметам за трајно психички оштетени луѓе без грам емпатија за сопствениот народ. И доаѓаме до кулминацијата. Доаѓаат избори. Јас, и луѓето околу мене сме убедени дека на следниве избори МОРА да излеземе како трета опција за да ѝ ставиме крај на Курто/Мурто вртелешката од која ни се врти во умот 30 години.
Срце ме боли не од нападите на партиските куртони, туку од нападите на браќата и сестрите Бојкоташи кој овој мој став го гледаат како предавство.
Но да видиме кои ни се опциите.
Бојкотот на референдумот беше логичен излез и единствена победа над хунтата во последниве три години. Тука не морам да ви објаснувам ништо. Дојдовме, бојкотиравме, победивме.
Следно беше бојкотот на претседателските избори. Тука бев за бојкот од 2 причини.
1. Победата на опозицискиот кандидат не носеше НИШТО затоа што и во три години од окупацијата на #Македонија имавме опозициски претседател ( Хорхе Фикусот ) кој не спречи НИШТО. Резултатот со победа на кандидатот на #дпне ќе беше никаков, само потврда на #Северна, наместо Хорхе – Гога Сорос. Резултат што немаше ништо да смени.
2. На претседателски постои #цензус, неисполнувањето на цензусот ќе водеше до државна криза и неминовни избори на есен 2019, т.е. пад на хунтата и испраќање на силна порака кон светот и јакнење на самопочитта кај критичната маса #Македонци.

#Цензус немаше, но претседателските избори ни донесоа втора победа. Сознанието дека и #дпне и #сдс работат против НАС, #Македонците, и се под директна контрола на странците. Ова до претседателските избори не беше јасно, самиот факт што стана јасно е голема победа.
Претседателските избори ни покажаа и дека дпневците немаат проблем да гласаат за асли комуњари и транзициски фри шоп профитери, само ако е под нивниот амблем. Оваа ситуација ја нема кај комуњарите и е нов “доказ” за предавството на #мицињата и нивниот лидер #КвискоМаус. Сето ова беше за многумина нејасно и непоимливо пред претседателските избори.

И доаѓаме до денес. 60 дена пред парламентарни избори.
Дочекав браќа и сестри бојкоташи да ме нарекуваат Тројански коњ. Зошто? Затоа што сум повикувал со независна листа да се излезе на избори!
Срцето ме боли кога овие работи ги слушам од соборци и луѓе со кои сме делеле и леб и спомени но и од незнајни луѓе со скршена душа. Штапците ги разбирам, за нив не постои друга вистина освен штапската, сендвич, автобус до Скопје, по завршување на митингот Сити мол и среќни дома. Ти кажуваат бројче и не се замараш кој е Крсто Мукоски…
Е тоа не доведе до овде.
Денес, јас и #ДвижењеБојкотирам сме нарекувани Тројански коњи само затоа што го нудиме единственото реално решение. Што се аргументите на овие луѓе? Што бараат тие?
Бојкот на парламентарните избори.
Зошто?
1. Зошто нема да биле фер.
Ок. Нема да бидат фер. Курто и Мурто ги одредуваат правилата. Има ли некоја можност друг да ги одредува правилата? Да, ако учествува на избори и седне барабар на маса со Курто и Мурто да ги прави правилата, но дури ни тоа не е гаранција дека изборите ќе бидат фер. Да ви кажам тајна. Нема фер избори. Ни изборите на кои победи Трамп не беа фер. Постојат избори, победник кој се радува и поразен кој се жали. И постојат аутсајдери кои под радарот победуваат. Како на референдумот.

2. Со учество ја потврдуваме #Северна.
Тоа драги мои батиња и дадички, се случи на претседателските избори. Не им треба двојна потврда. И тие избори беа украдени и тие за 3 дена се заборавија.
Да немаше цензус ( а немаше ) официјално, друг ќе беше муабетот. Вака, двете најголеми партии си подадоа рака и ставија печат на Северна. Не можеш два пати да ја потврдиш исто како што нема втор победник на избори, но еве сме, заглавени со сдс и Заев 3 години.

Врз база на овие два аргументи за бојкот се гради наратив кој е следен:
Со неучество, ќе го свртиме светското внимание дека ние со ова не се сложуваме.
Најнови вести:
1. Знае светот
2. Светот го боли кур
Знаете зошто секаде во светот не постои цензус за парламентарни? Затоа што во Шведска пред 30 години, луѓето толку многу не се замарале со политика, владеела благосостојба и обилие, што никој не искачал на избори. 70% од Швеѓаните не ни знаеле кога се изборите, зошто живееле во средена и богата земја.
Знаете што ќе се случи ако само 150.000 луѓе излезат на избори? Ништо. Ќе си поделат сдс/дпне/дуи местата, ќе си лапаат дневници, патни трошоци, ќе увезуваат и горат отпад а вие ќе трпите. Знаете шо ќе рече светот? Брееее овие Северномакедонциве станаа ШвеЦка, сите работат, богати се, имаат пари, не се замараат со избори. И толку. За три дена ќе пукне некоја бомба у Багдад и светот ќе ги заборави Северџанските избори со мала излезност. Ко референдумот шо го заборавија. Ти теквит?
Знаеш шо ќе ти рече странец ко ќе му кажеш “Ама не се валидни со 150.000 избори”? Екскјуз ми? Сдс и коалицијата праФ пат составена од 30 партии, дпне во коалиција со 30 партии, Дуи, Алијанца, Беса учествувале, 70 партии учествувале и ти викаш невалидни? Може си во таква благосостојба да не си знаел, чим 70 партии учествувале, до тебе е. Тие даваат легитимитет. Готово, #Северна. И ти шо ќе кажеш?
Зар стварно сметате на емоција? На смена на геополитика? Трамп втор мандат? Русија? Кина? Брикс?
Зошто мислите дека нив кур ги заболе за нас? Зошто мислите дека Русија ќе ојача, Америка ќе падне па Русија ќе ни го врати името? На волкот му е дебел вратот зошто сам си ги коле овците. НА НИКОМУ НЕ МУ Е ГАЈЛЕ.
Кај беше Русија, Кина, кога се потпишуваше Букурешки договор? Си прчеа кур. Ги заболе шо исконска земја ја поделија на три дела вчера створени држави? Не. Кај беа Русија, Кина, Бангладеш, кој ли уште го чекате, кога Британскиот напалм согоруваше Македонци, кога се кршеа имотни, човечки права, кога се вршеше геноцид? Никаде ги немаше. Си гледаа и си се смееја. КУР ГИ ЗАБОЛЕ. Исто 2001. Дур ние чекаме геополитиката да ни ја заврши работата, непријателите роварат. Затоа, со бојкот нема да има емпатија за нашите страдања. Не. Трамп ќе победи, Салвини ќе победи, Путин ќе победи – нас не ни менува ништо. Цица бебето шо плаче, бебето шо ќути не цица, мајка му мисли најадено е.
Со бојкот светот и Меџународната ќе констатираат само дека имало избори со мала излезност на кои победил тој и тој. Толку. Ни порака праќаш ни некому му е гајле за твои или човечки права.
Ама ќе сме напраеле уставотворно собрание. Надвор на скали.
Абе децана од ГТЦ кафичине не можете да ги соберете пред собрание, уставотворно собрание ќе правеле. Ајде! Како се прави? Да го направиме одма?
Луѓе, размислете за напишаново. Јас за разлика од некои, нема да барам предавници меѓу оние кои се залагаат за бојкот. Ни тројански коњи, ни пазарски магариња. Тоа се емотивни и луѓе на кои им значи #Македонија, сигурен сум. Но ве молам размислете. Бојкотот не решава ништо, и ќе повторам:
1. НИКОГО НЕ ГО БОЛИ КУР ДАЛ ЌЕ ИМА ИЛИ НЕМА МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНИЈА ОСВЕН НАС.
2. #ВОЛКОТ Е СИТ ЗОШТО САМ СИ ГИ КОЛЕ ОВЦИТЕ.
П.С.
#ВОЛК никогаш не може да биде коњ, дури ни Тројански.
УРА ЗА #МАКЕДОНИЈА !

Фејсбук колумна на Сашо Панговски

#ДвижењеБонкотирам


 

Повеќе